Партијата на Лилјана Поповска, ДОМ, инаку коалиционен парнер на власта, бара да се отвори јавна расправа за еколошкиот аспект за најавениот проект за изградба на туристичкиот комплекс во Љубаништа каде е планирано да инвестира индискиот бизнисмен Субрата Рој.
За да биде успешен најавениот проект за изградба на туристички комплекс на брегот на Охридското Езеро, економијата и екологијата мора да бидат ускладени, велат од ДОМ и бараат одговори на неколку прашања.
За нив, како зелена партија, потенцираат дека најважни се еколошките аспекти на проектот во Љубаништа и затоа во јавната дискусија, треба да земат учество државните институции и стручната јавност.
– Има уште многу еколошки прашања, но ДОМ започнува со најважните, за да ја насочиме дискусијата во конструктивна насока, со користење стручни аргументи, ослободени од политизирање, изјави портпаролот на ДОМ, Тони Ристов.