Пратеничките од ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин нема да бидат дел од пратеничката група на коалицијата предводена од СДСМ во Собранието.
Во известувањето до Претседателот на Собранието, Талат Џафери од координаторот на пратеничката група на СДСМ и партнерите, само партијата ДОМ не е наведена како дел од пратеничката група предводена од СДСМ.
Пратеничката Морачанин за ТВ 24 изјавила дека тоа е во координација со СДСМ и дека не се менува ништо суштинско во нивното делување како дел од коалицијата предводена од партијата на премиерот Зоран Заев.

