Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Дон Кихот во Скопје“ – концерт, изложба и промоција на книга за деца

0
By Zoran Ivanov on October 21, 2025 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во фоајето на Националната опера и балет вечер од 19 часот премиерно ќе биде изведен мултимедијален настан „Дон Кихот во Скопје“, кој опфаќа концерт, изложба на уметнички слики и скулптури и промоција на книга. Проектот е инспириран од култната приказна за славниот витез Дон Кихот на Мигел де Сервантес. Настанот е организиран од Амбасадата на Шпанија во Скопје по повод националниот ден на Шпанија.

Светска премиера ќе доживее Концертот за пијано, гитара, наратор и камерен оркестар со наслов „Дон Кихот во Скопје“, чии автори се Дино Имери и Дијана Илкоска Имери. Под диригентство на маестра Дијана Илкоска Имери, ќе настапи Камерниот оркестар „ID“, а како солисти ќе се претстават: Дино Имери на пијано, Ади Имери на гитара и Тина Иванова, наратор и автор на текст, соопштија авторите на проектот за вечерашниот настан во НОБ за кој влезот за посетители е бесплатен.

Концертот во три става „Дон Кихот во Скопје“ за пијано, гитара, наратор и камерен оркестар, е напишан од двајцата автори – Дијана Имери Илкоска и Дино Имери во 2025 година.

Како што кажува и самиот наслов, главна инспирација на авторите е од едно од најдобрите и централни светски и шпански книжевни дела – „Дон Кихот“ од Мигел де Сервантес. Музиката е програмска и ја отсликува приказната за патувањето на главниот лик Дон Кихот и неговиот помошник Санчо Панса во современа Северна Македонија, кои тргнуваат во потрага по нова авантура, со цел да помогнат во борбата против ветерниците и во оваа земја. Звучниот пејзаж е силно инспириран од шпанскиот и македонскиот фолклор, коишто се преплетуваат и создаваат автентична атмосфера. Текстот што го чита нараторот, пак, којшто е соединение на концертната форма, се провлекува низ делото како сценски контрапункт.

Приказната, чија авторка е Тина Иванова, е своевидна поддршка на програмската музика. Ги следи тонските „потези“ и ги фиксира на звучното „платно“ токму како што мелодијата ја „озвучува“ наративноста, се наведува во соопштението.

Во фоајето на НОБ ќе бидат изложени уметнички слики од познатата колекција „Дон Кихот“ на реномираниот македонски уметник Владимир Георгиевски (1942-2017), во чии дела е користена фундаменталната мисла на метафората на главниот јунак, Дон Кихот: „Да се спаси човештвото од сите зла и болештини за среќа на сите луѓе на светот“.

Ќе бидат изложени и нови скулптури на младата уметница Јана Николовска, а ќе биде промовирана и  илустрирана книга за деца „Дон Кихот“ на македонски јазик, објавена во 2017 година, но сега актуализирана по повод мултимедијалниот настан.

дон кихот имери НОБ Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025
ФОКУС

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

ВЕСТИ October 21, 2025

Европските земји во соработка со Украина изработуваат предлог од 12 точки за запирање на војната,…

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025
ТИКЕР

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.