Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доналд Туск: Сакаме сопствено нуклеарно оружје – би биле побезбедни

0
By Zoran Ivanov on March 8, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полска би сакала сопствено нуклеарно оружје, изјави премиерот Доналд Туск. „Денес е јасно дека би биле побезбедни кога би имале сопствен нуклеарен арсенал, тоа е непобитно. Во секој случај, патот до тоа би бил многу долг и би требало да има консензус“, рече Туск, јавуваат полските медиуми.

Полска планира да потроши 4,7 отсто од својот БДП за одбрана оваа година, што е најголем удел во НАТО, потсетува британски The Guardian. Туск им рече на пратениците дека воените трошоци треба да се зголемат на пет отсто од БДП. Доналд Туск пред Сејмот најави дека сака голема и силна војска. Во обраќањето пред парламентот, тој рече дека украинската армија има 800.000 војници, додека Русија има околу 1,3 милиони. Затоа Туск сака да ја зголеми армијата на 500.000 војници, вклучувајќи ги и резервистите, наместо сегашните 200.000.

Тој вети дека во наредните месеци ќе ги соопшти деталите за новиот план.

Ќе се обидеме да подготвиме модел до крајот на оваа година, така што секој возрасен маж во Полска ќе биде обучен во случај на војна, за оваа резерва да биде адекватна на потенцијалните закани, рече тој во Сејмот.

Покрај организирањето на резерва, резервните војници би биле подложени на интензивна обука за да бидат високо функционални доколку е потребно. Туск рече дека жените можат да поминат и воена обука, но „војната сè уште е во голема мера домен на мажите.

Доналд Туск рече дека тие внимателно го разгледуваат францускиот предлог за вклучување на Европа под нејзиниот нуклеарен чадор. Од големо значење за нив е прашањето што значи тоа во однос на авторитетот. Тој предупреди дека Украина била нападната откако се ослободила од сопствениот нуклеарен арсенал.

Полска ги зголеми воените трошоци по руската инвазија на Украина. Таа има потпишано договори со САД за купување оружје во вредност од околу 20 милијарди долари: купува 250 борбени тенкови М1А2 Абрамс, 32 авиони Ф-35, 96 хеликоптери Апачи, ракети Џавелин и артилериски ракетни системи. Од Јужна Кореја купува тенкови К2 и лесни борбени авиони ФА-50.

 

безбедни нуклеарно оружје Туск
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.