Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Донатори на локални избори: Функционери на ВМРО-ДПМНЕ?

0
By Нова ТВ on June 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како донатори за изборната кампања на локалните избори, за градоначалник на Град Скопје и градоначалници на другите општини се појавуваат имиња што се идентични со имињата на актуелни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што освен името на донаторот не се регистрирани и други детали:

Листата на дел од донаторите е следнава, како што објавува Фактор:

На 16 ти мај:

Антонио Милошевски донирал 31. 000 денари (поранешен министер за надворешни)

Роберт Орданоски донирал 45. 000 денари (директор на Агенцијата за електронски комуникации)

На 17 мај се следниве донатори:

Спиро Ристовски на 17 ти мај донирал 30. 000 денари (министер за образовени)

Миле Јанакиевски на 17 мај донирал 33. 000 денари (министер за транспорт)

Благородна Дулиќ на 17 мај донирала 35. 000 денари (пратеник)

Коце Трајановски на 17 мај донира 35. 000 денари (градоначалник на Скопје)

Илија Димовски на 17 мај донирал 30. 660 денари ( пратеник)

Биљана Беличанец Алексиќ донирала 30. 000 денари (градоначалник на Кисела Вода)

Маре Богоева Мицовска донирала 25. 000 денари ( директорка на Биро за јавни набавки)

Крсто Мукоски донирал 27 000 денари (пратеник)

Марија Хаџи-Лега донирала 27. 500 денари (директорка на Клиника за гинекологија и акушерство)

Оливер Деркоски . донирал 30 000 денари (пратеник, поранешен директор на МЖ Транспорт)

На 20 ти мај:

Ванчо Каргов донирал 30. 000 денари (директор на Царина)

Податоците за СДСМ ги покажуваат следниве донации:

Во март 2013 следниве донатори се присутни:

Менде Диневски: две донации по 60. 000 денари, и уште една донација во април во вредност од 70 000 денари

Златко Ќурчиевски донирал 30. 000 денари (кандидат за советник во Битола)

Јулијана Силјановска донирала 15. 000 денари (кандидат за советник )

Валентин Груевски донирал 30. 000 денари (кандидат за советник )

Од поединечни донации опозициската коалиција предводена од СДСМ собрала .9 200 евра. На списокот на донатори нема ниту едно име на некој од медиумите во земјава.

Што се однесува до владејачката ВМРО-ДПМНЕ имала исклучително огромен број донатори- 1.686 за изборната кампања за локалните избори.

Овие податоци дадени во извештај на Државниот завод за ревизија, покажуваат дека најголем дел од донаторите се физички лица, кои на партијата и дале од најмалку 1.000 до најмногу 300.000 денари.

Меѓу донаторите воопшто не се регистрирани фирми, но затоа како донатори се појавуваат триесетина медиуми, кои давале услуги за владејачката партија: прва на листата е групацијата МПМ, во чија сопственост се дневните весници Дневник, Вест и Утрински весник, во висина од 250.000 евра.

Од телевизиите најмногу донирал Сител 160.000 евра, потоа следуваат Канал 5 со 145.000 евра и Алфа 76.000 евра.

Сумирано, ВМРО-ДПМНЕ за изборната кампања собрал 1.546.112 евра.

Според извештајот, најголем дел од парите биле потрошени за реклами и пропаганда, 1.572.000 евра, а останатите 130.000 евра за изнајмување на простории, превоз и копирање.

Опозициската СДСМ добила донации од само 22 граѓани, со што добила 9.000 евра, а кампањата била платена со кредит од Комерцијална банка од 444.000 евра.

Од осваа сума половина била потрошени за реклама и пропаганда, а останатите за материјални трошоци- превоз и изнајмување на простор и опрема.

Пред 3 месеци, НОВА истражуваше кој се донирал за владејачката партија, а податоците беа објавени во текстот Донирале за ВМРО уште пред да почне кампањата

Учителки, студенти, претседатели на месни заедници, административци, директори на локални подружници на државните институции, автомеханичари, но и невработени членови на младината на партијата се дел од луѓето кои дале донации од по илјада евра како физички лица во кампањата на коалацијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Имињата на донаторите се објавени во привремениот извештај за финансирање на кампањата кој партиите имаат обврска да го достават до Државната изборна комисија.

Нова ги истражуваше имињата на списоците со донатори со цел да дознаеме повеќе за мотивите за донирање на овие луѓе, нивните примања и начинот на кој ги уплатиле парите. Исто како и на претходните парламентарни избори, сите донатори парите ги уплаќале во исти денови, односно половината донирале на 5 Март, а другата половина на 8 Март.

Некои од луѓето со кои Нова се обиде да разговара, а кои можете да ги слушнете во видеото погоре, потврдија дека донирале за партијата, додека некои избегнаа да разговараат на темата.

Некои не можеа да се сетат кога точно донирале, а еден од нив тврди дека во банка донирал илјада евра пред месец и половина до два месеца, а во тој период изборната кампања не беше ниту започната, ниту пак банкарските сметки беа отворени. Според извештајот на ДПМНЕ тој донирал на 8 месецов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

ВЕСТИ November 4, 2025

Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок на својот пат кон ЕУ во…

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.