Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Донација од Кина за поликлиниката „Шуто Оризари“

0
By НОВА ТВ on July 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава донираше 1,6 милион денари  на ЈЗУ Здравствен дом Скопје за поликлиниката „Шуто Оризари“. Средствата се наменети за РТГ Кабинет, опремување со медицински мебел и реконструкција на покривот на поликлиниката.

По тој повод, претседателот Пендаровски, амбасадорот на Кина, Џанг Ѕуо, и претставници на ЈЗУ Здравствен дом Скопје денеска ја посетија поликлиниката „Шуто Оризари“. Посетата е завршна фаза од оваа активност по потпишувањето на меморандумот за соработка и реализацијата на донацијата.

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот, Пендаровски истакна дека при денешната посета на поликлиниката „Шуто Оризари“ имале чест на самото место да ја видат донацијата од Народна Република Кина за Република Северна Македонија и конкретно за оваа општина која, како што наведува во соопштението, според сите стандарди во делот на здравствената заштита е подолу од тоа што е градски или републички просек.

– Кога минатата година првпат со господинот амбасадор започнавме да размислуваме каде најдобро би можело да се употреби нивната донација, не ни требаше многу време за да утврдиме дека поликлиниката „Шуто Оризари“ е една од првите која треба да добие таква помош за граѓаните на оваа општина да имаат ниво на здравствена заштита еднакво како сите други граѓани кои живеат во другите општини на државата. Ви благодарам уште еднаш. Ова не е единствената донација која неговата држава ја направи кон нашата држава. Во време на пандемија добивме во неколку наврати медицинска опрема, заштитни маски и други работи. Јас се надевам дека ќе продолжиме во таа насока да соработуваме, рече претседателот Пендаровски.

Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо истакна дека за време на денешната посета на одделите за имунизација, одделот на дежурната служба и рентген-кабинетот, имал можност да разговара со вработените медицински лица и подвлече дека е задоволен што се забележува значително подобрување на условите во оваа здравствена установа.

– Претседателот Пендаровски придава големо значење на билатералните односи меѓу Кина и Северна Македонија и одржува пријателски размени со кинеските лидери. Неговата екселенција се сретна со кинескиот државен советник и министер за одбрана Веи Фенгхе во март годинава. Од избувнувањето на Ковид-19, претседателот Пендаровски активно ја промовира соработката меѓу нашите две земји во борбата против пандемијата и промовира пријателски размени со цел корист на народот и продлабочување на традиционалното пријателство меѓу Кина и Северна Македонија, рече амбасадорот Ѕуо.

Директорот на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, Виктор Исјановски,  истакна дека со оваа донација ќе се зголеми нивото на здравствена заштита во овој дел на Скопје, конкретно на граѓаните коишто гравитираат во оваа поликлиника.

– Пред сé, донацијата се однесуваше на превентивата, примарната здравствена заштита и делот на специјалистичката служба каде што првпат после толку години ќе се отвори и РТГ-кабинетот за граѓаните да може да дојдат да се снимат, со цел тие здравствени услуги да не мора да ги прават во пооддалечените поликлиники, нагласи Исјановски.

Од Кабинетот на Пендаровски посочуваат дека донацијата е поттик за натамошно изнаоѓање  системски решенија за предизвиците со кои се соочува оваа поликлиника, како и дел од здравствените установи во општините со поголем процент на ромско население, од аспект на медицински кадар, опрема и соодветни просторни услови, како и за постојано вложување во здравствениот систем и овозможување квалитетни здравствени услуги на сите граѓани подеднакво.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.