На денешната седница во Собранието беа донесени измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите.
Сега малите, средни и големи трговци со закон ќе бидат обврзани да ги објавуваат на интернет цените на сите производи и доколку има промени истите навремено да ги внесуваат.
Ваквото законско решение се очекува да доведе до фер конкуренција и пониски цени, особено во секторот на прехранбени производи, при што ќе може да се направат и апликации и веб-страници кои ќе им овозможат на потрошувачите да ги споредуваат цените помеѓу различните трговци на мало, посочи пратеникот Бојан Стојановски.