НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Донесени Законот за даночно ослободување и измените за градежно земјиште

0
By Marija Todorovska on April 23, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците денеска во продолжението на 41. собраниска седница го изгласаа Законот за даночно ослободување со цел реализирање на одлуката за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата.

Во рамките на 43. седница Собранието го донесе законот за изменување на Законот за градежно земјиште, со кој се врши допрецизирање на постапката за водење на Регистар на отуѓено и дадено под долготраен и краткотраен закуп, на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија, преку информацискиот систем www.gradezno-zemjiste.mk.

Повлечен беше предлогот за разрешување и именување на претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Претседателот на Собранието Африм Гаши ги прекина двете седници и за нивно продолжување најави дека ќе има дополнително известување.

На дневен ред на 41-та седница се останати ратификациите на Протоколот за изменување и дополнување на Конвенцијата за кривичните дела и некои други акти извршени во воздухоплови, Протоколот за дополнување на Конвенцијата за сузбивање на незаконито грабнување на воздухоплови, на Конвенција за спречување на незаконски дејствија поврзани со меѓународното цивилно воздухопловство, на Факултативниот протокол на Конвенцијата за правата на детето за постапка по претставки и на измената на Конвенцијата за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Софија, на 27 февруари 2001 година и втората измена на Конвенцијата за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Цавтат, на 4 јуни 2004 година и предлог законот за изменување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, во прво читање.

На 43-та седница за разгледување останаа измени на законите за употреба на знаковниот јазик, за социјална сигурност за старите лица, за инвалидски организации, за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци, за обележување, уредување и одржување на гробишта и гробови на борците погребани на територија на Република Македонија и во странство, како и на припадниците на странските армии од поранешните војни на територија на Република Македонија, за материјално обезбедување на учесниците во Народноослободителната војна, за правата на прогонуваните и затворaните лица за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност и на членовите на нивните семејства, за правата на носителите на Партизанска споменица 1941, на лицата одликувани со Орден на народен херој и на борците од Шпанската националноослободителна и револуционерна војна од 1936 до 1939 година, сите во прво читање.

Африм Гаши закон за градежно земјиште закон за даночно ослободување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.