Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Досие Талевска: Како се набавувала милионската опрема

0
By Менче Атанасова Точи on January 16, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Документите од министерството за здравство за набавка на опрема преку фирмата ВИСАРИС МКД, фирмата во сопственост на мајката на новинарката Ивона Талевска и Србинот Марко Петровиќ, потврдуваат дека прво се распишал тендерот, а дури отпосле им се наложило на болниците да ја купат опремата од овој тендер.

Дигиталната опрема за радиологија од тендерот на Министерството за здравство со фирмата ВИСАРИС МКД, била распоредена во четири болници во државата, стои во документите што денеска ги објави Министерството на својата веб страна.

Документацијата поврзана скандалот кој инволвира новинар на ТВ Сител покажува дека апарати купиле болниците „Св.Еразмо “ од Охрид, „Св. Наум Охридски“ од Скопје, ЈЗУ КБ „Труфун Пановски“ од Битола и Клиниката за радиологија во Скопје. Градската хирушка болница „Св. Наум Охридски“набавила опрема дури за 600 000 евра.

Како што се гледа од објавениот документ, во Одлуката на Управниот одбор стои дека тие начелно се согласуваат да ја набават опремата, која во име и на сметка на болницата ја спроведува Министерството, но бараат да се дозволи да учествуваат во спецификацијата на опремата.

Радиологија пак, по барање на Министерството од овој тендер набавила дигитална опрема во вредност од 350 000 евра. Со ова само се потврдува информацијата која што вчера ја објави НОВА дека Министерството за здравство со допис барало од болниците низ државата да набавуваат опрема од ВИСАРИС МКД, фирмата која добила на тендерот распишан токму од Министерството за здравство. Некои од нив одбиле, други прифатиле.

-За да се донесе одлука за распишување на тендер, Управните одбори треба да одлучат што им е потребно на болниците и барањата да ги достават до Министерството за здравство и да се направи спецификација, а не обратно, тврдат добро упатени извори од Министерството за НОВА.

Овој тендер е надвор од големиот тендер за медицинска опрема со кој претходно се снабдуваа болниците низ државата и не е направен според потребите на болниците велат нашите извори.

Вработени во Министерството за НОВА велат дека набавките во здравството се прават без стратегија, не се прават студии и анализи од стручни лица, за тоа што се е им е потребно на болниците.

-Така е откако на болниците им ги одземаа ингеренциите сами да распишуваат тендери и набавките ги прави Министерството за здравство, вели нашиот извор.

Пред една недела министерот Тодоров најави набавка на нова современа дијагностичка опрема во вредност од шест милиони евра, а распишан е и тендер за медицинска опрема тежок 220 милиони евра. Лекарите веќе се прашуваат зошто е потребен овој тендер кога голем дел од апаратите од последниот тендер тежок 100 милиони евра стојат нераспакувана.

-И болницата во Тетово сега ќе добие дигитален мамограф, но проблемот е во тоа што Министертвото не дозволува да се доправи зградата која се гради со години бидејќи немало средства за таа намена. Современата опрема стои нераспакувана по ходниците и во подрумите, велат извори за НОВА во болницата.

Ревизорите откриле дека министерството нема капацитет за јавни набавки

И додека тендерите во Министерството се готват под голема пареа, пред неколку месеци Државниот завод за ревизија откри неповолни финансиски политики во Министерството за здравство. Имено, ревизорите откриваат дека оваа институција нема капацитет да прави набавки бидејќи нема екипирано одделение за јавни набавки. Работите ги извршувало само едно вработено лице, човек од секторот за здравствено осигурување.

Освен законот за јавни набавки, прекршен е и законот за јавна финансиска контрола, констатира ревизорот. Министерството наместо 6, вработило само 1 лице за сметководствено работење, а обврските им ги препуштиле во Службата за општи и заеднички работи, за чии системи ревизорот констатирал дека се застарени. 

Досега, иако е формирана единица за внатрешна ревизија која е задолжителна според законот, Министерството за здравсто не направило ниту една ревизија и извештај, се вели во извештајот. 51 од вработувањата во министерството ревизорот ги забележал како незаконски, а ова е трета по ред ревизија во која Државниот завод дава негативно мислење за работата на Министерството за здравство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.