Знам дека утре ден и да останеме гладни и боси ќе бидеме достоинствени.
Ете, достоинствено избравме песна за Евровизија. Страшно достоинствено изгледаше.
Дури и премногу па решивме да не го удираме достоинството на европјаните.
Може ќе се навредат што ние сме биле империја а тие не.
Може и се навредија.
Веќе наредниот ден достоинствено ги прибраа овие што достоинствено бојкотираа избори и овие што достоинствено им тераа инает на првиве.
Достоинствено, и едните и другите, се договорија.
Пу пу не важи тоа од предходно. Стапот некој го изеде или не, не е ни битно.
Додека овие се договараа, на улица достоинствено се протестираше против Талат.
Со камења по луѓе. А утрето тие луѓе со камења по сè друго.
Ама достоинствено. Та не сме стока. Сите сакаме едно.
Да живееме заедно тука едни со други. Достоинствено. По можност без другите.