Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДПМ: Бараме одговорност за лустрацијата на Јаневски

0
By Нова ТВ on June 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Друштвото на писателите на Македонија денеска излезе со реакција за одлуката на Комисијата за верификација на факти да биде лустриран великанот на македонската книжевност, Славко Јаневски. Во реакцијата се вели:

Друштвото на писателите на Македонија со огорченост ја отфрла апсурдната одлука на Комисијата за верификација на фактите со која писателот Славко Јаневски е прогласен за соработник на тајните служби.

Друштвото на писателите на Македонија бара одговорност заради овој антиуставен чин на Комисијата за верификација на фактите која посегна по една од најсветлите личности на современата македонска литература и култура, надвор од нормите што ги подразбира законот за лустрација.

Во спротивно ДПМ овој чин ќе го толкува како тенденција за бескрупулозно газење и рушење на темелните вредности на македонската национална култура.

Апсурдно е да се помисли дека дејствувањето на Славко Јаневски во литературата и културата било на штета на развојот на одредени автори и процеси. Напротив, делото на овој писател цврсто е втемелено во основите на современата македонска литература и живо присутно во сите фази од нејзиниот развој, се до крајот на неговиот живот.

Од денешен аспект, тринаесет години по смртта на Славко Јаневски, неговото творештво и неговата мисија се уште позначајни како писател и културен деец, како еден од иницијаторите за основање на Друштвото на писателите на Македонија, претседател на македонската писателска асоцијација, еден од првите членови на Македонската академија на науките и уметностите, еден од оснивачите на Македонскиот ПЕН центар, член на оснивачкиот одбор на Струшките вечери на поезијата, покренувач на списанија, издавачки куќи и институции од областа на културата.

Славко Јаневски е автор на првиот македонски роман и на обемен, разновиден и значаен опус како поет, раскажувач, романсиер, публицист, сценарист и редактор на капитални дела за македонската национална и културна историја. Овие аргументи силно пркосат пред апсурдната и злонамерна одлука на Комисијата за верификација на фактите со која писателот Славко Јаневски е прогласен за соработник на тајните служби, се вели во реакцијата на ДПМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.