Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за најуспешни литературни остварувања во 2013 година.
Како што соопштува ДПМ, ќе бидат доделени традиционалните награди „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика и „Ванчо Николески“ за книга за деца.
Годинава за прв пат ќе биде доделена и награда за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите. Книгите објавени во тековната година до ДПМ треба да бидат доставени до крајот на овој месец, а наградите ќе бидат врачени на 13 фебруари идната година, на свеченоста по повод јубилејот од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.