Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДПМНЕ бара став од медиумските здруженија, СДСМ реагира: задоцнета реакција

0
By Влатко Чаловски on December 3, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Илија Димовски во својство на преговарач од партијата ВМРО-ДПМНЕ, во пресрет на преговорите во Клубот на пратеници, денеска побара од сите здруженија на новинари, асоцијации, невладин сектор, како и регионални здруженија, од синдикатите, верските заедници, спортските друштва, да достават писмени предлози во следните 2-3 дена, како да се подобри медиумскиот амбиент во земјава.

Како што рече Димовски пред новинарите, политичарите заедно со европските претставници не се доволни за создавање на здрав систем во кој ќе функционираат медиумите.

Димовски вели, неговата партија не прифаќа никакви закони кои ќе значат зголемување на казни, а ваквиот пристап бил минимум за да се одвива демократски и отворен процес, бидејќи решенијата според него мора да бидат прифатени од целото општество.

Во однос на предлозите доставени од беглискиот посредник Питер Ванхоуте, тој вели, повеќето од нив ги нема во ниту една од државите, а тие не сакале Македонија да биде експериментална земја.

– Најдобро е да најдеме решение кое функционира во една од земјите од Европската унија и да го имплементираме овде, надополни Димовски, напоменувајќи дека партиите длабоко се разидуваат во предлозите.

На неговата изјава веднаш реагираше претставникот на СДСМ во преговорите за медиумите, Роберт Поповски, кој рече дека ваквата реакција на ВМРО-ДПМНЕ е задоцнета.

– ВМРО-ДПМНЕ не го прифати предлогот на СДСМ новинарите да бидат присутни на маса. Нивната реакција е задоцената бидејќи роковите се веќе пробиени, а тие дури денеска покренуваат иницијтиви за консолидација со новинарските здруженија и медиумските работници, рече Поповски.

Според него, постојат две толкувања на денешната изјава на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е или дека веќе се свестиле за потребата од ваквиот процес, да бидат сослушани најзасегнатите, или ова е уште една тактика за пролонгирање на усогласувањето на ставовите за и понатаму да партиајта на власт да има контрола врз медиумите.

Поповски надполни дека голем дел од предлозите на Белгиецот Ванхоуте се прифатливи, односно дека се од она што го прзентирал тој, а значи департизирање на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и МРТ, за СДСМ е прифатливо.

Прашан да ја коментира изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за тоа дека одредени медиуми со своето работење и се непријател на најголемата опозициска партија, Поповски вели:

„Преговараме заради катастрофалната ситуација со медиумите создадена за време на оваа власт. Тоа што некои медиуми дозволиле да бидат курири на власта и партиски експозитури а не медиуми, е нивни проблем и ние тоа треба да го регулираме“.

Поповски очекува денеска работните групи да продолжат да преговараат по одредени специфики од предлозите на четирите партии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.