Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Д-р Даниловски: Пандемијата ни влепи шлаканица и ни покажа колку е страшно да си сам

0
By Нова ТВ on April 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Епидемиологот доктор Драган Даниловски , во својата Фејсбук објава објаснува како пандемијата ни покажа колку страшно сме си го арчеле животот и колку сме биле преокупирани со бесконечни битки за богатство, статус, моќ.

-Се наоѓаме во фаза спроти епилогот на пандемијава, голгота подолга од година дена, на која едвај ѝ се наѕира крајот – барем кај нас.

Луѓето се очајни, одделени од своите најблиски во болниците или во изолација дома. Во моменти на егзистенцијална опасност, ние инстинктивно посакуваме да бидеме до семејството и пријателите – но сега, секој физички контакт – секој израз на љубезност и сочувство – може да донесе некому болест и смрт.

Но, дали е тоа баш така?

Пандемијата ни влепи шлаканица: Ако толку сме биле приврзани со семејството, зошто покажавме толку малку грижа за своите ближни? Од каде толку егоизам? Каде е вината? Во институциите на системот? Во лошото образование? Веројатно делумно, да!

Основна клетка во општествениот организам е семејството. Во нашево општество таа клетка се покажа дека е само форма без содржина!

А нефункционални клетки значат и нефункционална целина. Едноставна вистина!

Пандемијата ни покажа колку страшно сме си го арчеле животот, преокупирани со бесконечни битки за богатство, статус, моќ.

Живот со искривоколчен систем на вредности…

Осамна суровата вистина за општеството наше модерно – дека тоа е само „ментален концепт, а дека реалниот свет е свет на индивидуалци“ (Оскар Вајлд)… А јас би додал – свет на егоисти, социопати и психопати – свет на очајни осаменици.

Пандемијата ни покажа колку е страшно да си сам.

И очајнички да се обидуваш да не бидеш сам.

Ама не во семејството, туку во некакви сурогати/супститути на семејство – журки, седенки, секојдневни средби со „друштвото“, по кафеани… за да си заминеш уште поосамен… и попразен. И погневен.

Што, пак, резултира(ше) со влошување на заканите по здравјето – индивидуалното и колективното – во актуелнава ситуација.

Заради што на секој чекор сведочиме за десетици изгубени животи…

А тоа, пак, раѓа уште поголема несигурност… и уште пожестоки обиди да се „пикне главата в песок“. И да се глуми безгрижност…

И така влеговме во морбидна спирала – circulus viciosus…

Многумина се свртеа кон социјалните мрежи – за дружба, но и за стручен совет – во услови на пренатрупан здравствен систем. Се формираа групи за размена на искуства, за совети. Се создаде еден виртуелен свет на социјални контакти, место за дружба!

Колку и да е неприфатливо од стручен и етички аспект медицински совети да се даваат на далечина, многумина од нас докторите се обидуваме да излеземе во пресрет на многумина граѓани – секој од нас во рамките на својата експертиза.

Ама, не само тоа. На луѓето им треба и топол збор на поддршка, подадена рака… За полесно да им биде. И за да не се чувствуваат осамени. И напуштени… Особено последното.

Не сме се договарале претходно меѓусебно. Едноставно, спонтано – секој колку што му дозволува времето – го прифативме предизвикот. Десетици дневно се обраќаат и со приватни пораки… Едвај се наоѓа време да се отспие некој саат.

Знам дека исто си поминуваат и моите колеги Никола, Нико, Љиљана, Ненад, Ана… и многу други (нека не замерат што не можам сите да ги спомнам, ама јавноста ги знае).

Нема назад…

Дали граѓаните ги почитуваат советите? Да, без исклучок. Среќен сум заради тоа.

Знам дека современиве средства за комуникација – не само социјалните мрежи – ги користат и сите други колеги – особено матичните доктори.

Им оддавам признание, зашто, сите тие – вистинските херои на пандемијава (не само кај нас) – прифаќајќи да бидат еден вид надворешни членови на семејствата, потпорни столбови – играат улога на „пастири на своето стадо“, но и една друга – извонредно важна – улога на кохезиона сила, туткал, што цврсто ги спојува во целина сите камчиња на мозаикот наречен семејство – но и на здравствениот систем.

И по оваа катаклизма, во „денот потоа“, тие, матичните (и се разбира, сите други здравствени работници), ќе играат клучна улога во што побрзо закрепнување на секое семејство и на општеството во целина, пишува Даниловски .

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

ВЕСТИ September 28, 2025

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот…

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.