Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Драган Даравелски од денес е слободен човек, застари затворската пресуда од 2008, криењето во Белград му успеа

0
By Соња Крамарска on March 14, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од денеска осудениот бивш шеф на Царината Драган Даравелски е слободен човек, откако поради настапување на апсолутна застареност на пресудата изречена во 2008 година, Основниот кривичен суд Скопје ја укина. Со решението на судот, се запира и постапката за кривично гонење против Даравелски, засекогаш.

Даравелски беше осуден на седум години затвор во отсуство во 2007 година. Tој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година. Сега нема да мора да ги врати ни парите.

Даравелски, кој беше баран со потерница 20-ина години, се појави на граница во јануари, кога беше уапсен. Но, веќе се знаеше дека кривичното дело му е застарено.

Место да ја отслужува затворската казна веднаш, тој го искористи правото и на 10 јануари преку својот бранител, побара повторување на постапката. Судовите му поверуваа дека никогаш не ја примил пресудата од Македонија, додека се криел во Србија.

Кривичниот и Апелацискиот суд Скопје му поверуваа, иако тој беше апсен во Србија и седеше во екстрадициски притвор, кога и бил информиран зошто е таму: Дека Македонија го бара да лежи во затвор, по правосилна пресуда против него.

Кривичниот совет дозволи повторување на постапката, а истото решение беше потврдено од Апелацискиот суд, беше формиран предмет со К.бр. 414/23 кој согласно АКМИС системот бил распределен на натамошно постапување. Претседателот на судечкиот совет, надвор од главен претрес, констатирал дека е настапила апсолутна застареност за кривичното гонење, на дело сторено во период од 2001 до 2002 година.

Постапувајќи според законските одредби за застарување на кривичните дела, судот утврдил дека во случајот на Даравелски апсолутната застареност настапила уште на 01.12.2022 година.

Драган Даравелски застарена пресуда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.