Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Драгиот Субрата

0
By Биљана Секуловска on November 15, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тогаш кога слушнав дека Владата пратила соопштение до медиумите во кое ја информира јавноста за нивниот однос кон Субрата Рој, мислев дека и свечено дојде денот кога можам јавно да објавам дека преку ноќ сум се збогувала со паметот. За што се работи? “Владата и премиерот Груевски никогаш не рекла дека Сахара Груп ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира”- така гласи официјалното соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, испратено оваа недела, кое предизвика кај мене покорно соочување со жалната реалност- дека сум зрел психијатриски случај.

Да бев нормална, зарем ќе мислев дека низ годиниве сум гледала слики и видео материјали во кои Субрата Рој беше третиран како Нобеловец во кој никој не сака да инвестира, втор Тесла, божје чудо од Меѓугорје. Овој финансиски гениј најде разбирање само кај Ставревски, Груевски, Иванов кои му се фрлаа во прегратка штом му го слушнеа гласот, додека Ставревски од своја страна го гоштеваше гостинот со својот лично изготвен специјалитет- насмевката, како да видел роден брат изгубен во цунами и преку риалити- шоу “Пронајдете го својот исчезнат роднина”, после 50 години го спојуваат.

Драго ми е што Владата ми дозволи да ми докаже дека и сега, кога ги пишувам овие редови, загрижена за своето психичко здравје на некој час од дома, во Подгорица, халуцинирам дека читам докази кој и што изјавил за Субрата Рој, во времето кога му го бацуваа црвениот тепих по кој газеше, а тие лично и под стрес, да не ги прегази време, го ткаеја 24 часа пред да дојде за да им укаже чест.

Ако одите во архивата на НОВА, на 20 февруари 2013, ќе прочитате: „Денешното соопштение го потврди она што претходно го кажавме, а тоа е дека инвестициите на Субрата Рој во Република Македонија непречено ќе продолжат. Ситуацијата таму е објаснета и дадени се сите детали“, изјави Ставрески. На 29 октомври 2013 Ставрески изјави: “Проектите на Субрата Рој во РМ се одвиваат по планот”. Во архивата на Владата на 15 јуни 2012, стои дека Ставрески соопштил: “ Република Македонија е домаќин на уште еден значаен крупен бизнисмен, чија посета е уште еден доказ дека напорите на Владата преку презентацијата како добра бизнис дестинација вродуваат со плод, рече министерот и додаде дека целта од оваа посета е да остават добар впечаток како држава, како Влада, како институции.”

Да продолжувам понатаму? Да ви нудам уште и уште докази дека сум случај зрел за електро- шокови во било која ментална институција, во која на студентите ќе им биде сервиран мојата дијагноза како безнадежна. Додека тие со сожалување полагаат испити на мене, во очај сум се облепила, сум се мумифицирала со докази од текстови, им прожектирам видео материјали на студентиве и колегите- пациенти од нашето гнездо, за некој да се присети побогу дека Владата дека му даваше македонски пасоши на Субрата и неговото семејство, дека Ставревски беше качен на трактор и од високо не гледаше, додека 20.000 крави весело цупкаа во исчекување да ги огрее и нив сонце и да дојдат во земјата каде веќе ни ѓаволот нема интерес да стапне, тоа го правам, се со очајничка надеж дека некој нормален ќе ме сослуша?

Ама, кој е луд да ми поверува, ве молам. Веднаш Владата ќе издаде соопштение во кое тој некој ќе биде прогласен за национална будала, опомена до секоја идна, потенцијална будала да не помисли дека може да си игра со вистината, од бога дадена, а богот е само еден. Боженствената Партија.

А што да се каже? Субрата Рој без дилема е белосветски преварант за кој и неговите весници пишуваа дека е загрижен човек, кој заврши зад решетки после малверзациите тешки милиони и милиони долари, врз кого измамените во Индија фрлаа мастило, човекот кој во октомври 2013, насред Скопје, во Златниот театар, на Сахара Балканскиот фестивал на мирот, седеше до Груевски, изјавуваше дека неговата организација е преполна со криминалци, но треба да им оставиме време, да се поправат во добри граѓани, додека на истиот тој фестивал, премиерот Груевски се присетуваше “на големите зборови на нашата хуманистка големата Мајка Тереза – Ние мораме да го најдеме Бог, а ама Бог неможе да се најде во врева и нервоза. Бог е пријател на тишината. Нас ни е потребен мир за да бидеме способни да ја допреме нашата духовност”. Амин.

Да, го чекам тој ден. Кога еден по еден, овие кои сега се оградуваат од Субрата Рој, дека никогаш не рекле дека можеби, а можеби и нема да донесе инвестиции, ете тие, ќе заборават нешто многу поважно. Го чекам тој ден кога целата оваа мизерност околу индискиов хоштаплер дека сега не знаат они што тоа он сакал или не сакал, го чекам денот кога ќе се прелие меѓу нивните редови, па ќе почнат да се забораваат меѓу себе, дека воопшто, некогаш се познавале, дека било кога зависеле еден од друг, дека си биле поважни од брат, мајка, љубовница.

Ќе дојде тој ден кога ќе почнат да се распарчуваат меѓу себе, да се разбегуваат од сенката на оној кому сега се му должат, заради кој се она што се во моментов, ќе дојде денот кога со скршен и трперлив глас ќе раскажуваат дека му должат само едно- разрушеното здравје и да, да не заборават, уништениот углед. Е, тој ден, до вчера нивниот Субрата ќе сфати: Секој може да биде криминалец, ама, човек?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.