Жена која што со автомобил се обидела да ја пробие оградата на Белата куќа била убиена пред зградата на американскиот Конгрес, а во нејзиниот автомобил имало и бебе, кое за среќа, поминало без повреди.
Полициската потера во Вашингтон завршила откако полицајците отвориле оган врз автомобилот на осомничената жена, при што таа била убиена
Според информациите на американските медиуми, Тајната служба започнала потера по жената која со автомобил удрила во оградата на Белата куќа, а откако не успеала да ја пробие, се упатила кон зградата на Конгресот.
Еден полицаец во текот на потерата бил повреден, откако неговиот автомобил удрил во електричната барикада која се подигнала од дното во близина на Конгресот. Инцидентот се случил во 2.25 часот, а истиот завршил точно половина час подоцна, кога и зградата на Конгресот била отклучена.