Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Драматургот Георгиевски демантира дека е сценарист на “Македонија”

0
By Нова ТВ on November 20, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Драматургот Огнен Георгиевски, за НОВА излезе со демант дека е сценарист на серијата „Македонија“, која во последно време ја бранува јавноста со финансиски афери.

Во демантот на Георгиевски се вели:

-Неточните тврдења во македонските медиуми дека сум сценарист на серијата „Македонија“. За истата не сум напишал ниту еден збор, ниту сум потпишал било каков договор со било кој од продуцентите на истата, ниту пак сум земал било каков паричен надоместок.

На почетокот на 2016-та, ме исконтактира еден мој колега, кој ме охрабри да го приложам моето резиме како еден од потенцијалните сценаристи на ТВ серија, која треба да се снима во Македонија, со хрватски продуценти.

Во февруари и март таа година јас разменив неколку емаил пораки со господинот Винко Грубишиќ, по што мојот конечен одговор беше дека поради други ангажмани не можам да работам на серијата. Како моја замена, предложив еден наш реномиран драматург, за кого не знам дали воопшто го исконтактирале.

 Иако и на веб страницата на Агенцијата за Филм на Република Македонија стои дека сум дел од пишувачкиот тим на серијата, тоа, едноставно не е вистина, изјави за НОВА драматургот Огнен Георгиевски.

Георгиевски е реномиран сценарист од Македонија, кој живее во Торонто, Канада, а негови дела меѓу останатите, се и сериите “Фамилија Марковски” и ” На терапија”.

Пред неколку дена, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по известување од Управата за финансиска полиција, отвори предистражна постапка во врска со договорот помеѓу Агенцијата за филм и продукциска куќа ангажирана за снимање на играната серија „Македонија“ . Надлежниот јавен обвинител ги презема сите неопходни дејствија за утврдување на фактите.

„Издадени се повеќе насоки и наредби за прибирање на материјални докази поврзани со севкупната постапка за снимање на играната серија. Во оваа фаза од постапувањето веќе е доставен дел од бараните докази, а побарано е и нивно дополнување“, соопштија од Јавното обвинителство.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.