Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Драмски: Премиера на Љубиша Георгиевски- “Евангелие на глупоста”

0
By Нова ТВ on April 12, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Евангелие на глупоста (Далај мама во два дела)“ е насловена претставата на авторот и режисер Љубиша Георгиевски, чија премиерна изведба ќе се случи оваа сабота, на 12 април, во 20 часот, во НУ Драмски театар – Скопје. Станува збор за трагична фарса во која е раскажана приказната за распадот на „западната цивилизација“ на која и ние ѝ припаѓаме или за Новиот почеток.

За претставата која е напишана уште во 2002 година, Георгиевски вели дека е искривено огледало на македонскиот народ, но и на целиот западен свет. Главна тема во оваа трагична фарса е распадот на западната цивилизација која веќе раскрсти со се, освен со потребата да верува во нешто. Зборувајќи за ликовите, вели дека сите се прототипови на глупост во метастаза, без релевантни проблеми.

Актерската екипа е составена од Петар Мирчевски, Милица Стојанова, Благој Чоревски, Ирена Ристиќ, Филип Трајковиќ, Игор Георгиев, Катерина Шехтанска – Лаковска, Трајанка Илиева – Таци, Игор Ангелов, Валдета Исмаили, Ана Костовска, Диме Илиев и Златко Митрески.

Петар Мирчевски од Битолскиот театар за прв пат ќе гостува во една од главните улоги, а Милица Стојанова низ шега вели дека не и дозволуваат да го напушти светов и среќна се враќа на сцената на Драмски театар токму поради оваа претстава.

Како дел од тенденцијата за давање шанса на млади и перспективни уметници, музиката за претставата ја направи Гаврило Миловановиќ. Сценографијата и костимографијата е на Мери Георгиевска.

Целата екипа која работи на претставата е согласна дека „Евангелие на глупоста“ има за цел да ја поттикне публиката да ја надмине оваа „глупава“ фаза преку директен судир со неа и излегување од шаблоните. Диме Илиев вели дека во неа гледа неколку слоја на луѓе – фамилијата која е постојано во конфликт, подземниот свет кој е мирен и стабилен, младите кои се уште ги немаат формирано своите ставови а се под општествен притисок да го направат тоа. Чоревски го дели мислењето на режисерот за претставата, додавајќи „Дојдете и видете, па ако треба и ќе се истепаме.“

Извор:
МОФ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.