Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Дрисла“ се враќа во владение на Град Скопје, одложен изборот на новиот концесионер

0
By Соња Петрушевска on March 13, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изборот на новиот концесионер на депонијата „Дрисла“ е одложен поради претседателските избори.

На предлог на скопскиот градоначалник седницата на Советот беше одложена,  поради правните  дилеми дали Градот смее да склучува Договори  во предизборен период.

Шилегов кажа и дека дал налог на градските служби да почнат постапка  за раскинување на Договорот со италијанскиот конзорциум и Дрисла да се врати во владение на Градот.

Според Шилегов, градот ќе ја преземе Дрисла врз основа на судската пресуда со која поранешниот избор е поништен.

Комисијата формирана од градоначалникот  го избра Конзорциумот предводен од германската фирма Шолц за иден концесионер на Дрисла.

„Изминатиов период многу внимателно ја анализиравме целокупната состојба со проектот „Дрисла“, при што извршивме увид во целосната постапка од нејзиното започнување па се до последната судска пресуда. Предмет на анализа беа процесите, постапките и евалуациите кои биле вршени, при што се пронајдени сериозни аномалии. Со Конзорциумот предводен од „SCHOLZ AG“ за партнер во „Дрисла“ е извесно дека конечно Град Скопје ќе добие капацитет и депонија како што доликува, а пред се капацитет којшто ќе остварува приходи“ рече Шилегов пред советниците.

Италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“  во 2013 година ја доби концесијата за да управува со депонијата. Според Договорот, оваа фирма требаше инвестира 70 милиони евра во  нова постројка за согорување на медицински отпад, автоматизирана пералница за камионите, нова механизација за работа и голема административна зграда, но не се реализира ниту една од овие инвестици.

Во меѓувреме по жалба на германската фирма, Управниот суд пресуди дека поради неправилности во тендерската постапка треба да се склучи нов договор, но Град Скопје, додека градоначалник беше Коце Трајановски, повторно склучи договор со „ФЦЛ Амбиенте“.

„Дрисла работи изминативе седум години исклучиво со средствата коишто градот ги има вложено во неговото претпријатие и тоа е дел од истрага којашто ја водат други органи, а којашто градот ја има пријавено. За мене е индикативно дека Дрисла работи со загуби се додека јас доаѓам за градоначалник. Во двете години кога јас сум градоначалник они почнуваат да прикажуваат добивка“,рече Шилегов.

Најсовремената  печка за согорување на медицински отпад  за која Градот уште во 2012 година даде  гаранција со меница од 700 000 евра, се уште не е притсигната во Дрисла, а медицинскиот отпад се согорува во печка на која беше инсталиран нов  филтер како привремено решение.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.