Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државата е целосно подготвена за стабилизирање на цените од енергетскиот шок во Европа, порача Заев

0
By НОВА ТВ on October 26, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев не очекува инфлацијата да надмине три отсто до крајот на годинава и вели дека државата е целосно подготвена за стабилизирање на цените од енергетскиот шок кој се случува во Европа.

– Инфлацијата не очекуваме да биде поголема од три проценти, а според последните податоци кои ги имаме е 2,8 проценти. Не очекуваме зголемена инфлација ни за годинава, ниту за годините што следат до 2026-та. Курсот на денарот е стабилен има и стабилни цени. Меѓународниот пазар има влијание врз цените на некои од производите, како што беше со маслото за јадење чија цена се зголеми пред шест месеци насекаде, или цените на нафтените деривати и во моментов на природниот гас и на електричната енергија на берзите. Тоа не зависи никако од нас, но државата е целосно подготвена за стабилизирање на цените од енергетскиот шок кој се случува во Европа, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата на која беше најавен Планот за за забрзан економски развој 2022 – 2026 година и додаде дека имаат капацитети, средства и алатки за да се справат со тоа.

Тоа, како што рече, само по себе е најголем показател за стабилната економска состојба и финансиските капацитети кои ги има државата за да им биде на располагање на граѓаните, приватните и правните субјекти во земјава.

– Средствата кои се планираат за Планот за забрзан економски развој 2022 – 2026 година нема да се само од кредити, туку и од сопствени средства. Колку земаме кредити толку враќаме, а во иднина, имајќи предвид дека таргетираме дефицит од 2,2 процента, а сега имаме 6,5 проценти, тоа значи дека помалку ќе земаме кредити, а повеќе ќе враќаме. Менаџментот со јавните финансии и акцелераторската можност за поттикнување на домашните и странските инвестиции се најголема потврда за солидната економска состојба во државата и дека сме на добар пат, потенцира Заев.

Како земја членка на НАТО, посочи премиерот, се надевам дека во 2022 година и со отворени поглавја и кластери со ЕУ, пријатели со соседите и добри односи дома и во регионот, сето тоа ќе даде дополнителен ветер во грб на забрзаниот економски раст.

Најави дека најголемите инвестиции што ќе се реализираат во следните четири години ќе бидат од областа на енергетиката и ја напомена веќе објавената германска инвестиција на ВПД во износ од 500 милиони евра за изградба на ветерен парк во Свети Николе.

Тој посочи и бројни инвестиции во фотоволтаични и ветерни електрани во приватна и државна сопственост во вредност од повеќе стотици милиони евра, 300 милиони евра за гасификација на градовите ширум државата, изградба на топловоден систем во Битола во вредност од 30 милиони евра, реконстуркција на ТЕЦ Неготино, изградба на повеќе автопатишта, експресни и локални патишта и железнички линии, водоводни и канализациски мрежи, прочистителни станици, депонии

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.