Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Државата е во фаза кога треба да одговори на предметните апликации од ЕСЧП во врска со аболициите на Иванов“

0
By Нова ТВ on October 5, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Eвропскиот суд за човекови права (ЕСЧП) на 25.09.2020 година, на одговор до Владата на Република Северна Македонија достави две групи на апликации кои се поднесени против државата пред овој меѓународен суд, а во кои се проблематизираат тековни или завршени постапки од аспект на аболициите на поранешниот претседател на државата Иванов, соопштија од Бирото за застапување на РСМ.

Поради зголемен интерес на јавноста во врска со тековните постапки пред ЕСЧП по повод поднесените апликации, а за кои имаше повеќе написи во медиумите во текот на вчерашниот ден Бирото за застапување на РСМ пред ЕСЧП, информира за следново:

„Станува збор за стандардна постапка која поднеднакво важи и за останатите држави членки на Советот на Европа и за стандардна постапка на доставување на апликации на одговор до државата. За Владата на Република Северна Македонија, постапка по поднесена апликација пред ЕСЧП започнува кога апликацијата поднесена до ЕСЧП, по прелиминарна оценка на нејзината допуштеност, ЕСЧП ќе одлучи да ја достави на одговор до државата.

Во врска со апликациите кои се во фокус на актуелниот интерес на јавноста и информацијата која се објави во дел од медиумите, државата се наоѓа токму во оваа фаза кога предметните апликации се доставени на одговор до државата.

Притоа, информацијата: “дека Судот за човекови права во Старзбур одлучил дека аболицијата на тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов, од април 2016 година, со која од прогон се аболицирани 54 лица – важи, не е и не може да биде повлечена или укината. Со тоа, најголем дел од предметите кои сега се во фаза на судење по обвинение од СЈО паѓаат во вода, мора да се запрат, а обвинетите или осудените да бидат ослободени од прогон или казна. Судот во Стразбур за својот став ја известил и македонската влада уште на 14 Септември, и решил одлуката да се спроведе во две фази….“ не е точна, ниту вистинита, зошто таква одлука од страна на ЕСЧП не е донесена ниту доставена до институциите на Република Северна Македонија. Оттука не може да стане збор ниту за евентуално „спогодбено спроведување на одлуката на Стразбур”.

За постапките ЕСЧП на својата интернет страница, веќе објави податоци во однос на лицата кои поднеле апликации, нивните наводи за повреда на ЕКЧП, како и во однос на прашањата кои се упатени до страните во постапката (види на www.hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-205137 и www.hudoc.echr.coe.int/eng?i=001-205253 ).

Текот на постапките по предметните постапки пред ЕСЧП, како впрочем и на сите останати постапки пред ЕСЧП, може исто така да се провери и следи преку алатката достапна на интернет страницата на ЕСЧП преку внесување на бројот на апликацијата ( за ова види повеќе на: www.app.echr.coe.int/SOP/index.aspx?lg=mkd ).

Препорачуваме следење на објавите на интернет страницата на ЕСЧП или за повеќе детали во врска со постапките пред ЕСЧП, комуникација со прес службата на ЕСЧП.“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.