Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државата пропагира многудетни семејства,а укинува право на породилно отсуство

0
By Менче Атанасова Точи on March 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во време на кампањи за многудетно семејство, Фондот за здравствено осигурување и го укинал породилното боледување на 32годишната Лилјана Јоноски од Кичево иако имала право на тоа. Оваа млада жена, магистер по правни науки вели дека е жртва на системот во кој во 21 век жените треба да се борат за право на породилно отсуство.

Лилјана работела во невладина организација во редовен работен однос со платени придонеси за здравствено, социјално и пензиско осигурување. Таа раскажува дека нејзиниот од по маките започнал по породувањето.

„Првиот проблем се јави со административните процедури бидејќи живеам во Кичево, а работев во Скопје во невладина организација. Моите колеги кои ми помагаа во носење на документите во Фондот за здравство ги препраќаа од шалтер на шалтер. И покрај сите напори, барањето ми беше одобрено месец и половина откако се породив“, ја започнува својата приказна Лилјана Јоноски.

Првите четири месеци исплатата ја добивала редовно, за одеднаш без никакво известување или најава престанала  да ги добива парите за породилно отсуство. Лилјана вели дека чекала месец и половина во надеж дека парите ќе стигнат, дека можеби доцнат како вообичаено со исплатата.  Се обратила во подрачната единица на Фондот за здравствено осигурувањево Кичево каде и било соопштено дека нејзиното породилно отсуство е запрено.  Зошто, никој не знаел да и каже. Од тука почнала голготата низ институциите, бирократските процедури и законските регулативи каде за една иста работа добивала различни толкувања.  Таа раскажува дека безброј пати се јавувала на телефонскиот број на Фондот, на тој посебниот кој се однесува на породилните отсуства за кој вели дека не функционира бидејќи ниту еднаш никој не кренал слушалка.

„По долго време од шалтер на шалтер успеав да добијам одговор дека моето породилно отсуство е укинато бидејќи како што ми рекоа„никој не плаќа за тебе“. Тоа го објаснија со фактот дека проектот во невладината организација завршил, така што јас морав да докажувам, дека како единствено осигурано лице сум на породилно отсуство,а организацијата нема приходи“, објаснува Лилјана.

За да го докаже тоа,  морала повторно да ја достави целокупната документација. По три недели се јавила за одговор, а од таму и рекле дека документите се копија наместо оригинал и дека треба да ги завери кај нотар. Со мало бебе, со помош на своите колеги, морала да ја поминува истата постапка на собирање и доставување на документи за после три недели да и кажат дека ја загубиле целата документација. И по трет пат ја поминала истата постапка со собирање и доставување на документи. По месец и половина добила известување дека барањето и е одбиено, односно породилното отсуство и се укинува.

„Образложението овој пат беше дека во невладината организација биле внесени пари од членарина. Во писмото немаше по кој основ ми е укинато правото, само кратко беше спомнат член 23 од Законот за здравствено осигурување. Но, согласно член 177 од изменувањето и дополнување на истиот закон породилно отсуство не смее да се прекине по ниту еден основ, а најмалку поради платена членарина која не е приход во здружението, “изјави Јоноска.

Лилјана поднела жалба на ваквата одлука, а одговор дека е одбиена добила по три и пол месеци. Таа вели дека во подрачната единица на Фондот во Кичево го применуваат овој член кога станува збор за фирма со едно осигурано лице, а во ФЗОМ по член од закон кој не е веќе на сила. Таа нема право повеќе да се жали бидејќи била одбиена од двете комисии на ФЗОМ. Целата оваа ситуација допринела да се создадат проблеми на работното место и договорот за работа не и биле продолжен.

„ Пари за тужба немам , па така останав и без работа и без пари. Каква е оваа држава која пропагира многудетни семејства, има кампањи за трето дете, а државата не е во состојба да ги обезбеди основните права на секоја жена за да стане мајка и да раѓа деца. Вака ли се гарантираат правата на жената во Македонија“, прашува Лилјана Јоноска.

Во ФЗОМ велат дека согласно член 23 од Законот за здравствено осигурување исплатата на породилно отсуство може да се запре доколку неоправдано не се јави на лекарски или комисиски преглед, за време на привремена спреченост за работа се утврди дека остварува приход и на работодавецот кај кого нема други вработени, а во тој период остварува приход, како и кога фирмата оди во стечај или ликвидација.

И токму тој приход е всушност членарината која нејзините колеги ја внесле на сметка на здружението и со тоа на Лилјана и е укинато породилното боледување.

Во подрачната единица на Фондот во Кичево пак, не ги земаат во предвид приходите остварени по основ на членарина бидејќи тоа не се приходи од оперативно работење на фирмата како надомест на извршени услуги, туку станува збор за редовни годишни приливи каде што влегуваат членарините. Но, последниот збор го има ФЗОМ. За да биде апсурдот поголем, Лилјана вели дека тоа е членарина од 2015 та година кога била се уште редовно вработена и не била на породилно отсуство.

„Тоа не е приход остварен за време на боледувањето. Тука е целиот проблем бидејќи различно се толкува делот кој подразбира приход и во кој период е остварен. Дополнително во Кичево с е повикуваат на законските измени од март 2015 та каде што приходите и исплатата на осигурувања и за други вработени како договор на определено време не се пречка за породилно отсуство, односно приливите на фирмата и боледувањето не се поврзуваат како што тоа било порано  “, вели оваа млада жена.

Адвокатот Звонко Давидовиќ е дециден дека не смее да се укине породилно отсуство бидејќи секоја жена е заштитена со Законот за работни односи.

„Според Законот за работни односи жените се под посебна заштита, како и самохраните мајки и не смее да се случи да останат без право на породилно боледување“ вели адвокатот Давидовиќ.

Јоноска не е единствен ваков случај во државата, така што очигледно политиката на ФЗОМ се коси со кампањите на Министерството за здравство за трето дете, за стимулирање на многудетно семејство. Доколку службениците на ФЗОМ и укажеле по кој основ може да изгуби право на породилно отсуство и дека не смее да се внесува членарина, во невладината организација немало да го направат тоа и Лилјана немала да го изгуби правото на породилно отсуство. Вака како што е, излегува дека оваа институција не води грижа за своите осигуреници, ја урива целта на овие кампањи, а жените губат желба и за второ, а не пак за трето дете.

Подготовката на oвој материјал беше овозможена со поддршка од Британска амбасада Скопје, во рамките на проектот “FISCAST+: Фискалната транспарентност и одговорност ги подобрува политиките во областите на квалитет на живот, образование и здравство”. Мислењата и ставовите наведени во овој материјал не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада. Проектот е имплементиран од Finance Think – Институт за економски истражувања и политики, Скопје.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.