Државниот врв и честиташе на македонската фудбалска репрезентација за победата во мечот со Грузија, со која се пласираше на европско првенство.
Македонскиот фудбал оди на Европско! Конечно, имаме историски резултат благодарение на нашата репрезентација, на нашите херои. Гордоста и посветеноста победуваат, радувај се народе! #EURO2020, напиша премиерот Заев на својот фејсбук-профил.
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски напиша: Се гордееме со вас, одиме на Европско!
Минстерот за здравство Венко Филипче, напиша дека ова е голем ден за славје, но порача сепак мерките за заштита да се почитуваат.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска се приклучли во честитките.
И министерката за образование Мила Царовска ја сподели радоста.