Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државните институции добија мерки за штедење, Владата најави казни за нивно непочитување

0
By Sashko on March 17, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кризата што ја предизвика руско-украинскиот конфликт се одрази и врз буџетите на државните институции. Владата во вторникот донесе сет на мерки за штедење во јавниот сектор и најави санкции за секој што нема да ги почитува.

Премиерот Димитар Ковачевски неколкупати досега изјавуваше дека се соочуваме со најтешката економска криза по Втората светска војна, но дека со добри мерки и штедење ќе се надминат сите предизвици.

Тој вчера изјави дека секоја набавка на мебел и возила од државните институции, ќе мора да биде одобрена од Владата, а контролата за трошоците за стоки и услуги и за репрезентација и реклами ќе ја врши Министерството за финансии кое има увид на дневна основа во работењето на државните институции. Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост, пак, ќе имаат обврска на три месеци да поднесуваат финансиски извештаи до Комисијата за економски систем, за потоа тие да бидат разгледани и одобрени од Владата.

„Секој што нема да ја почитува таа одлука ќе биде санкциониран согласно законите за трговски друштва и за работни односи“, предупреди Ковачевски.

Ковачевски ќе го намали и бројот на советници и според најавите ќе има најмал број на советници од сите негови претходници. Тој вчера откри дека со реорганизација на неговиот Кабинет, дел од советниците повеќе нема да ја имаат таа задача, а дел од нив ќе работат на линиски работи во организациски единици за кои се специјализирани според нивните квалификации.
-Бројот на советници што го планирам е помал од бројот на советници што ги имале досегашните премиери. Тие советници ќе извршуваат работи во нивната професионална област, сите имаат дваесет и повеќе години професионално искуство, академско и професионално“, изјави Ковачевски.
Мерките за рационализација предвидуваат забрана за започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, а буџетските корисници и правни лица основани од државата ќе треба за 50 проценти да ги намалат и расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користењето на службени возила. Се намалува и бројот на службени патувања и бројот на членови на делегации при патувања во странство.

За 15 проценти се намалуваат и тековните расходи на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост и согласно тоа, тие ќе треба да ги преработат своите финансиски планови и инвестициони програми и во рок од 15 дена да ја информираат Владата.

И на регулаторните тела, единиците на локалната самоуправа, локалните јавни претпријатија и останатите установи под надлежност на општините им се препорачува да ги следат овие владини мерки и да преземат активности за рационализација на нивните расходи.

Претходно, Владата донесе пакет од 26 антикризни мерки со цел да се сочува животниот стандард на граѓаните и ливидноста на компаниите во услови на раст на цените на основните прехранбени производи и нафтените деривати. За дел од основните прехранбени производи се намалени маржите, а од денес без ДДВ ќе се продаваат лебот, брашното, млекото со масленост од 2 проценти, 3,2 и 3,5 проценти масленост, белиот шеќер, сончогледовото масло, месото, белиот ориз и јајцата.

Цените на горивата, пак, се носат на дневно ниво врз основа на изменетиот Правилник за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати со кој РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на горивата доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката се зема просекот од претходните петдневни котации на берзата и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар.

„Ние мора да бидеме свесни дека Европа се наоѓа во војна. Во Украина се води војна, Русија изврши воена агресија врз Украина и сето тоа влијаеше исклучително негативно и со далекусежни последици на цените на храната, на вештачките ѓубрива, на цените на суровините, особено на железото, на јагленот и на другите основни суровини. Сите 26 мерки што Владата ги донесе во изминатата недела се токму за справување со овие предизвици со кои се соочуваме ние, но и целата светска економија“, истакна Ковачевски. 

Од друга страна, опозицијата обвинува дека „Владата доцни со мерките и дека Владата од 1 ноември потрошила два милиони евра за луксуз, иако знаела дека ќе има криза“.

„Само за пет месеци, Владата потроши два милиона евра за непродуктивни трошоци. Тие потрошија 250.000 евра или 15.400.000 денари за набавка на мебел во министерството за внатрешни работи. СДСМ и ДУИ не го прифаќаат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за да трошат пари на луксуз. Само за кафе, Владата ќе потроши 3 милиони денари“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.