Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државните органи најмногу дискриминираат

0
By Сашка Цветковска on April 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државните органи дискриминираат, а Комисијата им прогледува на прсти – реагираат невладините организации по објавувањето на годишниот извештај за работата на Комисијата. Бараат Собранието да не го прифаќа извештајот.

Преставките кои стигнале во текот на 2012 во Комисијата за заштита од дискриминација во најголем дел се од државните органи. Според годишниот извештај на Комисијата кој е промовиран утрово, граѓаните и правните лица најмногу се жалат од Министерствата за внатрешни работи, здравство, труд и социјална политики, но и другите, а потоа од општините и други институции.

Во 2012 во Комисијата пристигнале вкупно 75 преставки, а постапките биле завршени во 43. Предничат преставките по основ на етничка припадност (најмногу Ромите), потоа дискриминација поради здравствената состојба и трети се маргинализираните групи, како ЛГБТ популацијата. И оваа година исто како и минатата има преставки за дискриминација по основ на политичката припадност.

Веднаш по промоцијата на извештајот со остра реакција излезе Мрежата за заштита од дискриминација која бара од Собранието на Република Македонија да го преразгледа Годишниот извештај на Комисијата за заштита од дискриминација. Според нив, тој не дава реална слика за трендовите на дискриминација ниту пак за ефектите од работата на Комисијата.

Велат дека најпроблематично е што комисијата во многу случаи не поведува постапки туку дава мислење за ситуацијата по жалбата и образложенија во кои наведува дека не е поведена постапка заради тоа што дискриминаторот покажал волја да го промени дискриминаторско однесување.

“Особено загрижува праксата на Комисијата со која се избегнува  утврдување на постоење или непостоење на дискриминација врз основа на поднесените претставки. Забележлива е праксата на Комисијата на усвојување мислења со кои ја прекинува постапката, користејќи образложение дека постапките се беспредметни бидејќи повредата на правото е отстранета од страна на потенцијалните дискриминатори, без притоа да утврди дали во конкретниот случај постоела дискриминација.

-Ваквото постапување на Комисијата оневозможува да се утврди одговорност на сторителите на дискриминација, а следствено на тоа и можност жртвата на дискриминација да обезбеди натамошна заштита пред други надлежни институции”, се вели во соопштението.

Во делот во годишниот извештај во кој Комисијата образложува зошто некои постапки не се поведени до крај, таа констатира дека фактот дека државните органи се освестувааат дека дискриминираат е позитивен факт кој им овозможува да ги прекинат постапките.

“Позитивен е фактот дека мнозинството од потенцијалните дискриминатори – државни органи по препорака на Комисијата покажаа подготвеност да ја отстранат повредата на првото, дури некои од нив и при самиот процес на решавање на претставката го повлекуваат дејството на дискриминација, така што некои од претставките се решаваат успешно и стануваат безпредметни. Меѓутоа, за жал, мора да се напомене дека постојат и оние кои ги игнорираат препораките на Комисијата.”, се вели во годишниот извештај.

На ова бурно реагираат од Мрежата за заштита од дискриминацијата кои велат дека не може Комисијата да констатира дискриминација, но да не ја води постапката до крај само затоа што тие увиделе позитивни расположенија кај оние кои дискриминираат.

“На овој начин Комисијата создава ситуација на нереално прикажување на состојбите со дискриминацијата покажува и констатацијата со која всушност се признава постоењето на дискриминација: „Позитивен е фактот дека мнозинството од потенцијалните дискриминатори – државни органи, по препорака на Комисијата, покажуваат подготвеност да ја отстранат повредата на правото, дури некои од нив и при самиот процес на решавање на претставката го повлекуваат дејството на дискриминација…”, се вели во соопштението на Мрежата за заштита од дискриминација”, велат од Мрежата за заштита од дискриминација.

Во случаите кои се земени како примери во годишниот извештај, доминираат оние во кои Комисијата констатирала дека нема случај на дискриминација или пак, оние во кои ја прекинала постапката поради “позитивни факти” дека дискриминаторот ги променил своите размислувања и ги увидел грешките.

Извештајот за работата на Комисијата содржи 69 страни. Од нив, на 25 страни Комисијата ги објаснува сите семинари и работилници на кои членовите учествувале. Комисијата, исто така, констатира дека нема средства, ниту доволно пари ниту доволно луѓе за да функционира како што треба и доследно и навремено да ги работи постапките.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.