Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државните ревизори се сомневаат во вистинитоста на финансиските извештаи на МРТ

0
By НОВА ТВ Balaban on July 29, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Клучни препораки на ДЗР се: донесување на стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; прецизирање на барањата и прилагодување на описот на задачите во актот за систематизација со надлежностите и активностите кои се вршат, како и усогласување на актите за пресметка на плата со законските прописи; воспоставување на внатрешна ревизија.

Државниот завод за ревизија го објави Конечниот ревизорски извештај  од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Јавно радиодифузно претпријатие „Македонска Радиотелевизија Скопје”.

Во извештајот се наведуваат неколку клучни утврдени состојби: не се донесени стратешки, плански, програмски и подзаконски акти;  непрецизни одредби во актот за систематизација за дел од
барањата и описот на работните задачи и неусогласени акти за пресметка на плата со важечките законски одредби.

Исто така, ревизорите констатирале дека не е воспоставена единица за внатрешна ревизија; нецелосно е спроведен попис на средствата и обврските; не е воспоставено следење на преземените мерки за наплата на побарувањата постари од пет години, како и неправилности во планирањето, доделувањето на договорите за јавни набавки и нивната реализација.

Во издадено мислење стои дека е „мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики”.

Клучни препораки на ДЗР се: донесување на стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; – прецизирање на барањата и прилагодување на описот на задачите во актот за систематизација со надлежностите и активностите кои се вршат, како и усогласување на актите за пресметка на плата со законските прописи; воспоставување на внатрешна ревизија.

Ревизорите препорачуваат и спроведување целосен попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба; ажурирање на евиденција за следење на побарувањата и навремено преземање правни дејствија за ненаплатените побарувања од комитентите и подобрување на планирањето, начинот на спроведување на постапките за јавни набавки, како и потребата од прецизни одредби во договорите за начинот на реализација на набавката и плаќањето.

Линк до објавениот извештај: https://dzr.mk/sites/default/files/2022-07/RR_MRTV_Skopje_29_08_2022.pdf

Државниот завод за ревизија МРТ Ревизорски извештај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.