Демократската унија за интеграција не е против иницијативата за формирање специјално судско одделение за предметите што ги презеде СЈО.
Портпаролот Бујар Османи за Алсат М изјави дека ДУИ единствено има резерви само за начинот на кој тоа прашање треба да се отвори.
– Ова е сериозна тема, која не може да биде прашање на медиумски разговори или по кругови. Ако има таква волја, тоа треба да помине институционално, првин преку разговори на релевантните партии потписнички на Пржинскиот договор. Ако во тие преговори се отвори таа иницијатива, ДУИ принципиелно е за формирање на канцеларија или посебен оддел, кој ќе се занимава со случаите на СЈО, вели Османи.
На прашањето, дали партијата го дели ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека Катица Јанева работи само по налог на опозициската СДСМ, Османи се огради од директен одговор за позициите на коалициониот партнер, но додаде дека СЈО треба да ја докажува својата непристрасност.
– Ние немаме информација како работи СЈО, немаме пристап таму. Тоа што цениме е дека СЈО, е витален дел од пржинскиот договор, како што тој договор е единствениот начин за излез од кризава. Важно е СЈО да покаже непристрасност, поради овој јавен притисок кој се прави од партија потписничка е добро да работат уште повеќе за да докаже за непристрасната работа, без притисок од било која страна. Не го знаеме нивниот начин на работа, важно е дека ја поддржуваме нивната работа да се оди до крај со нивната работа, додава Османи за Алсат М.

