ДУИ упати апел до своите симпатизери во недела масовно да излезат на гласање за парлементарните избори но при тоа да го игнорираат гласачкото ливче со претседателските кандидати.
Ниту еден од кандидатите не е консензуален и ДУИ и во овој втор круг на гласање за претседателските избори ги повикува своите симпатизери да не гласаат за избор на претседател.
На прашањето дали ДУИ ќе го признае легитимитетот на кандидатот кој ќе биде избран во недела, Абдулаким Адеми на прес конференција одговори дека неговата партија за тоа ќе се изјасни по изборите.