Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дулови: Европската унија ја препозна Скопската чаршија, затоа и една од улиците ја нарековме „Европска улица“

0
By Marija Todorovska on March 27, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Старата скопска чаршија е уникатна затоа што e една од најголемите знаменитости на градот, трговски и културно-историски дел на Скопје, таа е комбинација од византиското, османлиското време и е една од најголемите на Балканот, рече за Градска.мк претседателот на Еснафите на Старата скопска чаршија, Бујар Дулови.

Тој за нашата редакција на местото каде што го водевме разговорот во Сули ан вели дека за развитокот на чаршијата низ историјата, нејзината културна вредност и занаетите кои биле застапени на просторот сведочат предметите изложени во Музејот на Старата скопска чаршија.

„Прво, погледнете каде се наоѓаме и ќе разбереме зошто е уникатна чаршијата. Имаме нешто што е и бизнис и старо, нудиме култура и ги пречекуваме луѓето широкоградно кои излегуваат од чаршијата задоволни, рече меѓудругото Дулови.

За тоа колку е чаршијата атрактивна за туристи, тој кажува дека се позитивно изненадени што надвор од летните температури имало туристи што ја посетувале чаршијата. Тој, кажува дека секој турист што влегол во државата регистриран или нерегистриран ја има посетено, што го прави ова место еден од бисерите на Скопје.

Прашан дали Европската унија и помага на чаршијата преку нивните проекти тој вели дека последниот проект колку што се сеќава е за промена на излозите на дуќаните за да изгледат автентично, но тука секогаш е јорганџиската улица именувана како „Европска улица“.

„Бидејќи Европската унија постојано донира и се грижи за чаршијата, затоа и една од улиците ја нарековме „Европска улица“, што е всушност попозната по чадорите. Ова година планираме да ја прошириме малку таа улица (сокак), на многу интересен начин, бидејќи членовите на еснафот имаат веќе контакти и се во преговори за да продолжи тој проект да биде финансиран од Европската унија“ –  рече Дулови за Градска.мк.

Инаку „Јорганџиска улица“ во Старата скопска чаршија во 2018 година симболично беше инаугурирана во „Европска улица“.

Тогашниот евроамбасадор Самуел Жбогар, кој присуствуваше на инаугурациајата, рече дека симболичниот подарок – филигрански брош што и го подари златарот Селајдин Асани во Старата скопска чаршија, на високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини при нејзината последната посета на Скопје во септември, ја покажува за великодушноста на самите граѓани на Старата чаршија, но исто така покажува и за уметноста, вештините кои се негуваат во чаршијата.

За да ја изрази својата благодарност Могерини испрати благодарница до златарот, која му ја врачи Жбогар. Златарот Асани им се заблагодари на евроамбасадорот Жбогар и на Могерини и рече дека му и е мило што го наравил тој гест.

Во рамките на јавниот оглас “Проекти за локална и регионална конкурентност”  во 2018, Европската унија за општина Чаир додели грант во висина од 820.000.00 евра администриран од Светската Банка, за реализација на инвестиции во туристичката инфраструктура со цел подобрување на туристичките капацитети.

Проектот „ Промоција на туризмот во Стара Скопска Чаршија„ ги опфати следните главни активности:

-Реконструкција на калдрмата во главната улица на Старата Чаршија. Со проект се предвидува да се реконструираат 1800 м2 калдрма;
-Реставрација на 75 дуќани во Чаршија во кои во минатото беа извршени неадекватни интервенции од страна на сопствениците и други субјекти и имаат деградирано културното наследство;
-Поставување на натписи по објектите;
-Поставување на тенди по објекти;
-Виртуализација на Старата Скопска Чаршија – Апликација за идентификација и опис на спомениците во Чаршија. Исто така оваа апликација предвидуваа и инсталација на апликација за мапирање на историските и културните споменици во Чаршија.
-Целосна сигнализација на Старата Чаршија;
-Организација на меѓународните конференции на граѓаните со Старата Чаршија и размена на искуствата во рамките на ревалитализација на ориенталните Чаршии.

Преземено: ГРАДСКА.МК

Дулови Европска улица Јорганџиска улица Чаршија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.