Мери Георгиевска: Ниту една власт нема право сама да слави 35 години постоење на државотворноста на Независна Република Македонија.
Прво, затоа што тие 35 години не црпат од сегашната власт, а сегашната власт црпи од тие 35 години независност.
Што требаше да направи моменталната власт за да биде прославата заедничка, и да припаѓа на сите граѓани кои живеат и творат и копаат рудници во Македонија?
- Требаше 3 месеци предвреме да направи форум од угледни граѓани на Независна Македонија од 1991 до денес; од областа на науката, академско образовната дејност, политиката, новинарството, културните работници, и сите чинители на тие 35 години Независна Македонија, без оглед на тоа на која партија и припаѓаат, на кое малцинство му припаѓаат и дали се власт или опозиција.
- Да изнајми простор на невладин медиум. И, да одржи најмалку 6 дебати околу тоа како да изгледа прославата и колку буџет да се потроши од устата на народот!!
Дури и во Циркус Медрано се одбрани најдобрите акробати и најдобро тренираните животни.
Ова што се врти по социјалните мрежи ќе го сфатам како лична журка и прослава на 8 годишница на Северна Македонија, која кутрата не беше ни прашана дали сака да и се промени името.
Прослава прави најаден и среќен народ на општонароден спонтан собир.
Нашиот народ нема да јаде леб.
Тоа е горката вистина покриена од лошо водена политика и срам кај народот на кој месецот му се чини еден век.
Последниот збор сепак ќе го каже народот.
Да не зборувам за 12 кракото Сонце …туѓа срамота ме засрами …
Извор: Фејсбук



