Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Два Хриситјана и – Точка. Готово. Крај!

0
By Zoran Ivanov on December 23, 2025 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 23, 2025 17:53

Андреј Жерновски: Проблемот на нашата држава е фактот што на политичката сцена постојат две личности кои користат исто име и презиме- Христијан Мицкоски.

Едниот, оној кој прв се појави, исчезна од лицето на земјата на 08.05.2024. До тогаш се претставуваше како силен опозиционерски комита и бескомпромисен патриот, кој им вети на граѓаните дека ако дојде на власт, ќе го врати старото име на државата, ќе го поништи Преспанскиот договор и ќе распише задолжителен референдум за договорот за добрососедство со Бугарија.

За жал, народот му поверува и гласаше за него.

Другиот, кој се појави веќе наредниот ден откако првиот мистериозно го снема и кој набргу стана премиер, е сосема поинаков. Друго зборува, друго прави. Единствената сличност меѓу нив, што е најзбунувачки, е што физички исто изгледаат. Сето останато е целосно различно.

Елем, овој вториов мината недела замина во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан и без никаков проблем, ладнокрвно, си ја прифати Бриселската декларација, во која експлицитно е наведено дека “ЕУ ја нагласува важноста на вистинското и ефикасно спроведување на обврзувачките меѓународни договори, вклучувајќи го Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, кои Северна Македонија се обврзува да ги почитува”.

Точка. Готово. Крај!

Толку од лажните надежи, толку од патриотските говори и дадените ветувања. Тие веќе не важат… или подобро кажано, како никогаш да не ни биле кажани.

Со давањето на согласност за наведената декларација, Мицкоски официјално со ВМРО-вски печат ги завери, односно ги верификува договорите со Грција и Бугарија.

Јавно ја призна исправноста на политиките на СДСМ, односно договорите кои беа дело на Зоран Заев.

Истите оние договори кои не му чинеа додека беше во опозиција и врз која гласна критика против нив дојде на власт.

Но, едно нешто треба да знае вториов Мицкоски. Постојаното лажење им ја вади земјата под нозете на оние кои тоа го прават и не им обезбедува друга основа на која можат да се потпрат. Систематската нечесност, на крајот на денот, неизбежно ја уништува лажната реалност на која се потпираат таквите политичари. Измамата во политичката сфера прво води до неминовно губење на јавната доверба, потоа до уништување на сопствениот кредибилитет, а на крајот и до потешки последици.

Што би рекол Ален Р. Смит: “Лагата е како бумеранг. Без разлика колку си талентиран да кажуваш невистини, на крајот тие ќе се вратат да те прогонуваат.“

Извор: Фејсбук

 

Андреј Жерновски став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.