Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Два различни избирачки списоци на ДИК и битолската изборна комисија

0
By Нова ТВ on April 14, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Различните податоци за бројот на запишани гласачи во избирачките списоци на Државната изборна комисија (ДИК) и Општинската изборна комисија (ОИК) од Битола, внесоа забуна како кај граѓаните, така и кај новинарските екипи кои ги следеа вчерашните избори за претседател на Република Македонија.

На избирачкиот список на ОИК-Битола, запишани се 82.588 гласачи, додека пак во списокот на ДИК, право на глас имаат 76.857 жители на Општина Битола. Невообичаено големата разлика од 5.731 избирачи меѓу едниот и другиот список, се обиде да ја објасни претседателот на ОИК-Битола, Зоран Насев.

Меѓутоа, неговото образложение дека разликата се должела на тоа што дел од гласачите од Општина Битола се наоѓале во казненопоправни домови и гласале во други општини, дополнително ја искомпликува ситуацијата. Логичното прашање кое се наметна после изјавата на Насев, беше како е можно толку голема бројка на граѓани на Општина Битола, што претставува речиси 7% од вкупното население на Општината, во моментов да се наоѓаат во казненопоправните домови?

Одговор побаравме во опозицискиот регионален изборен штаб на ИЕ 5. Според нив, несовпаѓањето на бројот на запишани избирачи во избирачките списоци на ДИК и ОИК, се должи на тоа што во избирачкиот список на ОИК се внесени и лицата кои се со постојано место на живеење во странство. Оттаму рекоа дека ова е само уште една потврда дека нашата држава има неопходна потреба од спроведување на попис на населението.

Денес преку прес конференција се огласи носителот на кандидатската листа за пратеници од ИЕ 5, Васко Ковачевски, кој рече дека на вчерашното гласање граѓаните јасно ја покажале желбата за промени.

„И покрај сите злоупотреби, неправилности и нарушувања на изборниот процес, како и заканите, уцените и притисоците, јасно е дека Битола се буди. Разликата на гласовите помеѓу власта и опозицијата од претходните избори, двојно е намалена. Сепак, факт е дека вчера волјата на народот за промени беше брутално угушена. Но ние не се предаваме. Во наредните две недели опозицијата, заедно со граѓаните, ќе застане на браникот на слободата и демократијата“, рече Ковачевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.