Вкупно дваесет години затвор добија обвинетите во судскиот проце за трговија со човечки органи на Косово. Во судскиот процес кој заврши денеска урологот Љутви Дервиши е осуден на осум години затвор и парична казна од 10 000 евра за незаконски трансплантации на органи, организиран криминал и трговија со органи.
Неговиот син Арбен Дервиши е осуден на затвор од седум години и три месеци, како и парична казна од две и пол илјади евра. Анестезиологот Сокол Хајдини доби три години затвор за нанесување на телесни повреди, но е ослободен од обвинение за организиран криминал, додека двајцата други анестезиолози Сулејман Дула и Ислам Битуќи ќе треба да одлежат по една година затвор.
Хирургот Дритон Јилта е ослободен од обвинение, а од обвиние за злоупотреба на службена должност е ослобеден и поранешниот секретар во Министертвото за здравство Илир Рецај. Љутви Дервиши две години не смее да се занимава со лекарска дејност, а Хајдини има дна година забрана да работи како лекар.
Основниот суд во Приштина им наложи на двајцата лекари татко и син Дервиши, во рок од шест месеци на жртвите на кои им извадиле бубрег да им исплатат по 15 000 евра.
На двајцата обвинети турскиот државјани Јусуф Сомнез и Моше Харел од Израел по кои има меѓународна потерница неможе да им се суди во отсуство бидејќи така налагаат косовските закони. Тие се товарат за организиран криминал и трговија со човечки органи, како и незаконско вршење на лекарска дејност.
Клиниката Медикус беше затворена во 2008-мата година и досега се знае дека во неа се извршени над 30 нелегални трансплантации на бубрези.
Жртвите беа сиромашни граѓани од Казахстан, Молдавија,Русија и Турција и на нив им биле вадени одредени органи со ветување дека на сметка ќе им биде исплатена одредена сума на пари кои никогаш не ги добија.
Бубрезите им беа пресадувани на богати граѓани од Израел кои за еден бубрег плаќаа по 70 000 евра.