Секторот за внатрешни работи Тетово- Одделение за внатрешни работи Гостивар расчисти три тешки кражби, кои од 7.01. до 12.01. биле извршени
во објект на „Железници на РСМ“ во Гостивар и во два угостителски објекта во негова непосредна близина, а Е.П.(35) и А.М.(18), двајцата од Гостивар, се осомничени дека се извршители на кражбите.
Тие со употреба на сила влегле во објектите и одзеле повеќе предмети и пари.
Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците, лицата биле лишени од слобода, а по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.