Дванаесет лица од кои 10 патници, меѓи кои две деца, се повредени во скопско Волково во судир на приватен автобус 22 со камион.
Несреќата се случила во близина на основното училиште „Тихомир Милошоски“ во скопското Ново Село. Камионот, од засега непознати причини, удрил во автобусот, по што автобусот влегол во училишниот двор.
Двајца од повредените се од камионот, а останатите се патници од автобусот. Седум патници, од кои две деца се пренесени во ургентниот центар.
Повредените од камионот биле префрлени во ГОБ „Наум Охридски“, 8 од патниците се пренесени во Ургентниот центар, а останатите тројца во ГОБ „8-ми Септември“.
Ниту еден од повредените не е во животна опасност. Во тек е полициски увид на местото на настанот.