Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две деца од скопска градинка се заразени од Коксаки вирус

1
By Менче Атанасова Точи on October 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во градинката се оградуваат од случајот и сметаат дека изворот на заразата не е од таму, туку дека децата се заболени од некаде од надвор

Две деца кои ја посетувале градинката Срничка во објектот Штркче во скопската населба Аеродром заболеле од опасниот Коксаки вирус, дознава НОВА. Децата од кои помалото посетувало јасли, викендов добиле симптоми карактеристични за овој вирус, а тоа се висока температура, се исипале по рацете, стапалата, нозете и околу устата. Лекарот според клиничката слика утврдил дека се работи за Коксаки вирус, но очигледно случајот не го пријавил во Центарот за јавно здравје.

Информацијата за НОВА ја потврди и мајката на двете деца, која од контактот со други родители тврди дека заболеле уште две деца кои ја посетуваат истата градинка. Кога НОВА ја контактираше градинката од таму потврдија дека не се известени, а во Центарот за јавно здравје исто така потврдија дека не биле  информирани за случајот. Според изјавата на мајката, прво заболело помалото дете кое посетувало јасли, од кое пак се заразило поголемото.

„Моите две деца беа здрави. Однесовме потврда од лекар кога почнаа да одат во градинка. Се разболеа пред четири дена, а викендов имаа висока температура од 42 степени, се исипаа на делови од телото кои се карактеристични за Коксаки вирусот. Имаат ранички во устата и непцето. Се грижевме за нив и не стигнавме да пријавиме во градинката, но ги известивме родителите преку социјалните мрежи. Прво се заболе помалото кое оди во јасли, а потоа поголемото“, објасни за НОВА, мајката која сакаше да остане анонимна.

Половина час откако НОВА побара информација, од градинката не известија дека се оградуваат од целиот случај и тврдат дека изворот на заразата не е во градинката.

Од таму потврдија дека по јавувањето на НОВА, пристигнала и епидемиолошка екипа од Центарот за јавно здравје. Епидемилозите констатирале дека нема потреба од дезинфекција бидејќи тоа било направено пред три дена.

„Нема други заболени деца. Утврдивме дека овие две деца кои се болни само пет пати ја посетиле градинката од почетокот на септември до сега. Според тоа, одговорно тврдам дека изворот на заразата не е од тука, туку некаде од надвор. Ние во понеделникот вршевме редовна дезинфекција на просториите и на играчките така што нема потреба да се врши вонредна дезинфекција“, изјави за НОВА, Јоаким Димулков директор на градинката Срничка.

Родителите на двете деца се наоѓаат во изолација бидејќи инкубацијата на вирусот трае и до месец дена, а болеста е многу заразна.

Инаку, според литературата, Коксаки вирусот може да биде со послаби симптоми, но и со смртни последици. Се пренесува од човек на човек не преку допир, туку преку кашлање и кивање. Не постои вакцина ниту антивирусен лек.  Болните се лекуваат со препарати за намалување на температурата, лекови против  болки, течности и многу витамини.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
ФОКУС

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

СВЕТ November 2, 2025

Белград: Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.