Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две преведувачки на македонски дела ќе учествуваат на книжевната резиденција во Скопје

0
By НОВА ТВ on August 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Анамарија Цинеге Панзова и Марјанџела Бјанкофјоре, преведувачки на литературни дела од македонски јазик, во август ќе престојуваат на преведувачка резиденција во Скопје. Резиденцијата се организира во рамки на меѓународниот проект „Превод во движење“, чиј македонски партнер е издавачката куќа „Готен“.

Партнерски организации на „Готен“ во овој проект се организации од Албанија, Бугарија, Летонија, Србија, Франција, Црна Гора и Шведска, а проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

– Проектот има за цел збогатување и засилување на протокот на преведената литература во Европа и особено меѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Во рамки на резиденцијалниот престој, преведувачките ќе работат на конкретен книжевен превод, ќе имаат можност да ги зголемат своите познавања на македонскиот јазик, како и уште повеќе да се поврзат со македонската литературна сцена, информираат од издавачката куќа „Готен“.

За време на престојот, Панзова ќе работи на унгарски јазик на „Антологијата на македонската книжевност“ објавена од Институтот за македонска литература.

Антологијата опфаќа избор на најзначајните книжевни дела од IX до XXI век. Составена е од осум тематски целини: македонска средновековна книжевност, македонски народни умотворби, антологија на македонската книжевност во XIX век, македонската литература во првата половина на XX век, современа поезија, македонскиот современ роман, македонскиот современ расказ и македонската драма.

Бјанкофјоре за време на својот престој во Скопје ќе работи на преводот на италијански јазик на романот „Идол на ѕидот“ од Елена Филиповска. Романот е сместен во имагинарна сегашност-иднина, објавен во 2020 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
ФОКУС

Стармер го прекинува престојот во Данска – Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

ВЕСТИ October 2, 2025

Британскиот премиер Кир Стармер одлучи итно да се врати во Велика Британија откако доби информации…

Израел ја уапси Грета Тунберг

October 2, 2025

Тел Авив: Активистите пловат кон Израел но ќе ги депортираме во Европа

October 2, 2025

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

October 1, 2025
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.