Две експлозии го потресоа ноќеска Загреб. Во населбата Пешченица, Загреб околу 3 часа одекнала детонација и на повик на жителите на теренот дошла полицијата јавува порталот Индекс.
Според неофицијални информации, тоа е експлозија на рачна граната која се наоѓала помеѓу автомобили. Четири автомобили и фасадата на околните куќи се оштетени, но никој не е повреден.
Во текот на истрагата, во Липничка повторно, имало експлозија. Според првичните информации, исто така е активирана рачна граната, но и тука нема повредени.
Иако двете експлозии се случиле во непосредна близина, полицијата засега нема информации за сторителите или поврзаност на експлозиите.