Северна и Јужна Кореја се договорија да одржат повторни обединувања за семејствата разделени по Корејската војна, по повиците од Пјонгјанг да ги подобри врските, јавува Би-Би-Си.
Повторните обединувања се закажани да се одржат во февруари. Ако се одржат, тие ќе бидат првите собири од 2010.
Во септември, Северна го откажа планираниот собир, обвинувајќи го “непријателството” од Југот.
Овој потег доаѓа во пресрет на годишните американско-Јужно корејски воени вежби подоцна овој месец, кои се очекува да предизвикаат гнев на север.
Милиони биле одделени од нивните семејства со поделбата на Корејскиот полуостров по војната 1950-1953.
Обединувачките настани често се емоционални прилики, каде Северна и Јужна Кореја се среќаваат накратко во Северна пред да се упатат повторно дома .
Програмата беше суспендирана по бомбардирањето на граничниот остров на Јужна Кореја од страна на Северна, во ноември 2010 година.