Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДЗР: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ главно се финансираат од државниот Буџет

0
By Нова ТВ on April 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот завод за ревизија денеска на својата веб-страница ги објави конечните ревизорски извештаи на политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на Сметката за редовно работење.

Државниот завод за ревизија, како што се наведува во извештајот, изврши ревизија на спроведување на дадените препораки содржани во Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2018 година на СДСМ и извести дека двете дадени препораки не се спроведени.

– Во конечните извештаи за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усоглаеност на СДСМ за претходни години, овластениот државен ревизор извести дека партијата располага и користи деловен простор во градежни објекти кои ги наследила од правен субјект нејзин претходник. За овие објекти СДСМ нема обезбедено документи за утврдување на сопственоста, нивно запишување во Агенцијата за катастар на недвижности и сметководствена евиденција во деловните книги на партијата, се вели во извештајот.

Како препорака од овластениот државен ревизор во извештајот стои дека одговорното лице на партијата треба да продолжи со отпочнатите активности за утврдување на сопственоста на објектите кои се користат, нивно запишување во Агенцијата за катастар на недвижности и во сметководствената евиденција на партијата.

– Воспоставениот начин на прибирање, уплата и известување за приходите по основ на членарина во СДСМ не обезбедува целосен увид и потврдување во поединечно уплатените средства. Одговорното лице на партијата да преземе активности за донесување на акт за доуредување на начинот на прибирање, уплата и известување за поединечни износи на средства по основ од членарина, заради потврдување дека поединечните износи на членарина се во рамките на законски утврдениот лимит, се наведува во извештајот.

Со анализата на вкупните приходи по видови на извори на финансирање, ДЗР констатира дека учеството на јавното финансирање од Буџетот на РСМ на редовното работење на СДСМ бележи тренд на зголемување и тоа од 37 проценти во 2015 година до 82 посто во 2019 година, наспроти тренд на опаѓање на учеството на приватните извори на финансирање во вкупните приходи на партијата.

– Наведената состојба може да има влијание врз структурата на расходите на партијата во нареден период, имајќи ја предвид измената на член 83-а став 2 алинеја 1 од Изборниот законик, каде извор на финансирање на изборната кампања, меѓу другите извори се и средствата од редовната сметка на политичката партија, стои во извештајот.

Во конечниот извештај за извршена ревизија на финасиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на ВМРО-ДПМНЕ за 2018 година, овластениот државен ревизор, како што се наведува во извештајот, извести за судска постапка поведена од страна на надлежните органи во месец октомври 2018 година, со која на ВМРО-ДПМНЕ му се забранува дел од недвижниот имот/градежни објекти со вкупна набавна вредност во износ од 1.140.344 денари, сопственост на партијата, да го отуѓува, става под хипотека и располага со давање под закуп, се до завршување на постапката пред надлежниот орган.

– Забраната за привремено располагање со дел од имотот на политичката партија преку поведената постапка влијае на проценетата вредност на дел од недвижниот имот искажан во Билансот на состојба, согласно член 14 од Законот за сметководството на непрофитните организации. Во деловните книги во 2019 година вредноста на имотот е зголемена за пресметаната ревалоризација во износ од 12.407 денари. Истакнуваме дека до денот на вршење на ревизијата, постапката поведена пред надлежните органи е се уште во тек, се вели во извештајот.

Препораката што се наведува во извештајот е одговорните лица на партијата да преземат мерки и активности за соодветно евидентирање на недвижен имот, по завршување на постапката пред надлежните органи.

– Со анализата на вкупните приходи по видови на извори на финансирање, констатиравме дека учеството на јавното финансирање од Буџетот на РСМ на редовното работење на ВМРО-ДПМНЕ бележи тренд на зголемување и тоа од 27 проценти во 2016 година до 67 посто во 2019 година, наспроти тренд на опаѓање на учеството на приватните извори на финансирање (членарини и донации) во вкупните приходи на партијата. Наведената состојба може да има влијание врз структурата на расходите на партијата во наредниот период, имајќи ја предвид измената на член 83-а став 2 алинеја 1 од Изборниот законик, каде извор на финансирање на изборната кампања, меѓу другите извори се и средствата од редовната сметка на политичката партија, се посочува во извештајот.

Ревизорскиот извештај на политичката партија ДУИ констатира неколку состојби: во годишниот извештај на донации за 2019 година, ДУИ пријавила донација од физичко лице во износ од 2.046 денари која се однесува на добиено моторно возило како дар во минати години. Проценетата вредност на возилото го надминува законски дозволениот износ на донација во износ од 1.318 денари, што не е во согласност со членот 16 од Законот за финансирање на политичките партии; регистарот на донации за 2019 година, не е изработен на образец пропишан со Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на донации донесен од страна на министерот за финансии, што не е во согласност со член 17 од Законот за финансирање на политичките партии.

Наведените состојби, стои во извештајот, влијаат врз лимитот на средствата кои политичката партија ги обезбедува како извор на финансирање по основ на донации, како и врз информациите кои ги дава Регистарот на донации. Како препорака се наведува одговорното лице на партијата да преземе мерки и активности за почитување на законски дозволените износи за днации предвидени со Законот за финансирање на политичките партии и изготвување на регистарот на донации на законски пропишан образец.

– Со анализата на вкупните приходи по видови на извори на финансирање, констатиравме дека учеството на јавното финансирање од Буџетот на РСМ на редовното работење на ДУИ бележи тренд на зголемување и тоа од 51,12 проценти во 2015 година до 83,58 посто во 2019 година, наспроти тренд на опаѓање на учеството на приватните извори на финансирање во вкупните приходи на партијата. Наведената состојба може да има влијание врз структурата на расходите на партијата во наредн период, имајќи ја предвид измената на член 83-а став 2 алинеја 1 од Изборниот законик, каде извор на финансирање на изборната кампања, меѓу другите извори се и средствата од редовната сметка на политичката партија, се вели во извештајот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

ВЕСТИ September 28, 2025

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот…

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.