Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Еден ден живот“ – филм за кој завладеала масовна хистерија во Југославија

0
By Нова ТВ on August 4, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

автор: Михаил Мице Бошковски

Под овој наслов кај нас е познат еден мексикански филм од кој е произлезена песната позната како „Мама Хуанита“. Филмот кај нас почнал да се прикажува од 1952 г, а и подоцна во повеќе наврати во разни кина во Скопје и во другите градови низ Македонија.

Првото кино каде што можел да се види овој филм било киното „Вардар“. Интересот за филмот бил незапамтен дотогаш и се смета за еден од најгледаните филмови на овие простори. До влезни билети тешко се доаѓало. Во редови се чекало уште од утринските часови.

Тоа било златно време за таканаречените „шиткачи“ (тапкароши), кои купувале поголем број влезни билети, па пред почетокот на претставите ги препродавале по повисоки цени. Тој „бизнис“ бил толку проширен што често пати морала да интервенира полицијата и да ги притвора тапкарошите и да им ги одзема билетите.

Масовна хистерија по овој филм владеела и во цела тогашна Југославија. Познато е дека, во Загреб, на пример, филмот се прикажувал повеќе од девет месеци непрекинато и тоа секогаш пред целосно исполнета сала. Така било и во другите градови.

Исто така се смета дека тоа е филм на кој се пролеале најмногу солзи. Се случувало, по завршетокот на претставата, целата публика да излегува со насолзени очи. За каков филм всушост се работи?

Дејствието на филмот почнува во 1919 г. кога во Мексико е убиен водачот на селското востание за аграрна реформа и на мексиканската револуција Емилиано Запата.

Тогаш, еден од неговите војници, генерал Рејес ( Роберто Кањедо (1918 – 1998), одбил да се стави на страната на владината војска и е осуден на смрт со стрелање, а неговиот најдобар другар и соборец Филипе Гомез застанува на страната на владината војска и му станува противник.

За приказната да биде поинтересна, во тоа време во Мексико пристигнува убавата кубанска новинарка Марија Белен (Колубма Домингез (1929 – ), за да пишува за состојбите во Мексико по убиството на Емилиано Запата.

Таа се запознава со Мама Хуанита (Росаура Ревуелтас (1910 – 1996), мајката на осуденикот, која следниот ден има роденден и како и секогаш го очекува синот да ја посети, иако потајно знае дека тој е осуден на смрт.

По интервенција на пријателот, генерал Филипе Гомез ( Фернандо Фернандез 1916 – 1999), стрелањето се одлага за еден ден, а на роденденот присуствуваат двајцата другари од детството и новинарката која патем се вљубува во осуденикот. На прославата Филипе Гомез ја пее песната „Лас мањанитас“, во мексиканската народна традиција позната како церемонијална роденденска песна во која по потреба се спомнува името на тој што има роденден. И покрај сите молби до осуденикот да побара помилување од властите, тој останува доследен на идеалот на Емилијано Запата – „Земја за селаните и слобода“ и следниот ден е стрелан.

Иако филмот со оригинален наслов „Un Dia Da Vida“, е снимен во 1950 г. а тој период се совпаѓа со „Златната ера на мексиканскиот филм“, не се смета меѓу вредните уметнички дела од тој период. Исто така, филмот не побудува интерес ниту во другите земји, освен во тогашна Југославија. Тоа се должи на тогаш затегнатите односи со СССР од каде доаѓале „подобните“ филмови и добрите политички односи на државата со Мексико.

Песната, кај нас општо позната како „Мама Хуанита“ е една од главните причини за популарноста на филмот а и на мексиканската музика во подоцнежните години. Таа се пее и денеска, но не со нејзината вистинска намена како роденденска песна. Ја снимија популарни пејачи како Мишо Ковач, Предраг – Цуне Гојковиќ, Жељко Самарџиќ, „Про арте“…, а кај нас „Мањифико“, Ацо Симоновски, Зоран Георгиев и други.

Во Мексико таа е задолжително на репертоарот на сите маријачи бендови и на пејачите што ја негуваат традиционалната народна песна. Од светски познатите пејачи ја сними Нет Кинг Кол на неговиот албум со песни на шпански јазик во нејзината изворна форма како „Лас Мањанитас“ (на шпански „Las Mañanitas“).

Текстовите на кои песната е препеана на српскохрватски јазик се однесуваат првенствено на насловот на филмот „Еден ден живот“, а не на роденденската намена. Оригиналниот текст, површно преведен изгледа вака:

Колку е убаво ова утро
Кога доаѓам да те поздравам
Сите сме тука со задоволство
И со радост да ти честитаме
Се разденува, доаѓа светлината на денот
Стани Мама Хуанита и види веќе е разденето
Би сакал да бидам сонце
Да влезам низ твојот прозорец
И да ти посакам добар ден
Додека се уште си во кревет
На денот кога си родена
Се родило и сето цвеќе
И на крстилницата пееле сите славејчиња
Стани Мама Хуанита веќе е разденето…

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.