28-годишен млад човек заврши со прострелни рани по синоќешната престрелка во скопската населба Бутел.
Престрелката се случила во близина на бараките кај старата општина, на што претходела расправија меѓу сега повредениот О.И. (28) и Ј.Р. (26), кој е во бегство.
О.И. се здобил со прострелни рани во ногата, тој е пренесен во скопскиот Клинички центар.
Полицијата трага по лицето кое е во бегство.