На грчкиот остров Лезбос, на натпреварот помеѓу Папаниколис и Егеас Пломариу, при обидот за гол на напаѓач на гостинската екипа, којшто изгледаше како сигурен погодок, курсот на топката се промени дури четири пати, удирајќи во десната статива па во пречката, до десната статива и повторно на левата страна од голот пред да биде расчистена од шеснаесетникот на домашната екипа.
Како тоа би се доживеало на вечерашниот натпревар помеѓу четирикратниот првак на Европа, Барселона и фудбалскиот клуб Милан којшто дури седум пати го освоил највисокиот трофеј во Европа?