Едно лице загина во налетот на 20 торнада кои ги погодија области во американските сојузни држави Канзас, Оклахома и Ајова.
Според соопштението од Националната метеоролошка служба на САД лицето загинало во градот Шауни, во Оклахома.
Разурнатите се над сто куќи, а поради дефект на далноводите, без струја останаа околу десет илјади лица.
Поради опасност од торнадо беше евакуиран и аеродромот на најголемиот град во државата Канзас, Вичита. На локалните жители им беше наредено да најдат засолниште и да не излегуваат на улиците.
Пред три дена во Тексас загинаа шест лица, а околу 40 беа повредени во налетот на силно торнадо.