Единаесет луѓе се повредени денеска, од кои еден сериозно, во пукотници во центарот на Вашингтон.
Напаѓачите се возеле во два автомобила од десната страна на Њујорк авенијата кога отовриле оган во 2:45 после полноќ
Ранетите се здобиле со повреди главно во рацете и во нозете, само едно лице со прострелни рани во грбот е потешко повредено, но никој не е во животна опасност.
Мотивите се се уште не познати, истрагата треба да открие дали жртвите излегле од блискиот ноќен бар кој бил затворен 15 минути пред пукањето.