СДСМ ќе поднесе кривични пријави против Емил Димитриев, Никола Попоски, Никола Тодоров и Елизабета Канчевска – Милевска поради прекршување на Изборниот Законик, најави денеска на прес конференција Петре Шилегов. Тој посочи дека во него јасно е наведено дека функцијата пратеник е неспоива со функцијата министер и дека со денот на верификација на мандатот за пратеник, функцијата министер им престанува по сила на закон.