Европската унија очекува претседателот Ѓорге Иванов да изврши итна консултација со политичките сили во земјата и да определи лидер за формирање на влада составена од стабилна, солидна и одговорна коалиција, изјави денеска портаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич. Во име на официјален Брисел таа рече дека „земјата нема време за губење“. Вести во една минута на НОВА.