Европската Унија со нетрпение очекува формирање на нова влада во Македонија, а одлуката каква влада или коалиција ќе се формира е на политичките партии, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар . Тој, ја најави посетата на еврокомесарот Јоханес Хан кој, освен на министерската средба за енергетика за Западен Балкан, ќе има билатерални средби со политичките лидери.