Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет коментирајќи ги политичките случувања во земјава денеска изјави дека многу од работите зависат од тековните состаноци и разговори. Ситуацијата се уште не е решена, партиите работат на составување влада и ги истражуваат сите можности врз основа на изборите на 11 декември, изјави Гарет, одговарајќи на новинарски прашања.